Зимовка

Вид на птица
Зимовка
Pyrrhulas (mas, fem)
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Птици
Ред:Врапчевидни
Семејство:Ѕвингалки
Род:Pyrrhula
Вид:Зимовка
Научен назив
Pyrrhula pyrrhula
(Linnaeus, 1758)
Pyrrhula pyrrhula

Зимовката (науч. Pyrrhula pyrrhula) е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Распространета е низ Европа, вклучувајќи ја и Македонија и низ умерена Азија. Таа е претежно постојан жител, но многу од птиците од посеверните краишта се селат понајуг зиме.

Подвидови

Зимовката има неколку подвида:[2]

Опис

Мажјак (десно) и женка

Зимовката е гломазна, робусна птица, со голема глава, долга 14.5-16 см. Горните делови на телото се сиви; пердувите за летање се црни, како и краткиот дебел клун, капата и лицето (кај возрасните) и опашката. Кај младенчињата овие делови се сивкавокафеави. Бело има на задникот и линија на крилјата, а одоздола, возрасните мажјаци се црвенопортокалови, а женките и младенчињата посветли кремавопортокалови.

Пеењето на оваа ненаметлива птица содржи мешавина од течни свирежи.

Поведение

Живеалиштето на зимовката се мешаните шуми со некои иглолисни дрвја за гнездење, како и парковите и градините. Вон сезоната на парење не формира големи јата, и обично се гледаат во пар или семејна група.

Исхрана

Зимовката се храни главно со семиња и пупки од овошните дрвја, што може да го направи штетник во овоштарниците. Наесен и зиме ги фаворизира јасенот и глогот.[3]

Размножување

Мажјак со младенче во Австрија
Pyrrhula pyrrhula europoea - јајца

Оваа птица своето гнездо го гради во грмушка, (по можност повеќе од четири метри висока и широка), голем џбун или дрво (смрека или елка). Сезоната на парење трае од мај до средината на јули кога еден пар може да има и до три легла. Во секое од нив женката несе 4-5 светлосини јајца со ситни темноцрвени точки. Ги инкубира 13-15 дена, а за тоа време мажјакот ја храни. Потоа обата родитела ги хранат пилињата со инсекти и семиња.

Наводи


Надворешни врски