Зелениот Христос


Зелениот Христос ( Le Christ vert ) е слика на масло на платно, создадена од Пол Гоген во есента 1889 година во Понт-Авен, Бретања.

Зелениот Христос
ТворецПол Гоген
Година1889
Димензии92 см × 73 см
МестоКралски музеј на ликовни уметности во Белгија, Брисел

Заедно со Жолтиот Христос , се смета дека е едно од клучните дела на симболизмот во сликарството.

На неа е прикажана жена од бретања во подножјето на голгота, или скулптура на Христовото распетие. Голгота се вообичаени на градските плоштади во Бретања. Се чини дека жената се крие од фигурите во далечната позадина. [1]

Стилски, ова дело, ја најавува севкупната негова стилистичка ориентација која покрај таинствената стилистика, во колоритот и во третманот на мотивите го најавува неговиот ликовен опус со кој го обележал пост-импресионизмот создаден на Тахити.

Наводи