Жолт чај

Жолтиот чај може да се однесува на кинескиот хунагча (黄茶;黃茶) и корејскиот хвангча (хангул황차; ханча: 黃茶).[1][2]

Кинески чај, хуангча

Кинески чај

Тоа е сè поретка и поскапа сорта на чај.[3] Процесот на правење жолт чај е сличен на оној на зелениот, но со дополнителен чекор на обвивка, или процесирање на чајот, [б 1] давајќи им на листовите малку жолта боја за време на процесот на сушење. [3] Жолтиот чај често се става во иста категорија со зелениот чај поради неговата лесна оксидација. Една од примарните цели на правењето жолт чај е да се отстрани карактеристичниот мирис на трева на зелениот чај.

Kорејски лај, хвангча

Корејски жолт чај

Во корејската терминологија за чај каде што домашниот чај е категоризиран главно како зелен чај или ферментиран чај – „ферментиран“ практично значи „оксидиран“ со овој термин[6] – „жолт чај“ се користи за означување на лесно оксидирана балхиоча без импликации на методите на обработка или резултат што би го квалификувал чајот како „жолт чај“ во кинеската дефиниција.[6] За разлика од кинескиот хуангча, корејската хвангча се прави слично на улонг чајот или лесно оксидиран црн чај, во зависност од тоа кој го прави - клучната карактеристика е забележливо, но инаку релативно ниско ниво на оксидација што го остава добиениот пијалок од чајот жолт во боја.

Поврзано

Белешки

Наводи