Жоел Батс

Жоел Батс (роден на 4 јануари, 1957 година, во Мон де Марсан) — поранешен француски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Жоел Батс
Лични податоци
Роден на4 јануари 1957(1957-01-04)(67 г.)
Роден воМон де Марсан, Франција
ДржаваФранција Франција
Висина&100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позицијаголман
Повлекување1992 (35 г.)
Младинска кариера
Сошо Сошо
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1976–1980Сошо Сошо66(0)
1980–1985Осер Осер184(0)
1985–1992Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен254(0)
Репрезентација
1983-1989Франција Франција50(0)
Раководител на екипите
1992–1994Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен (голмани)
1994–1996Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен (асистент)
1996–1998Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
1998–1999Шатору Шатору
2000–2017Олимпик Лион Олимпик Лион (голмани)
2018–2019Монтреал Импакт Монтреал Импакт (голмани)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Во својата кариера Батс играл за три клуба Сошо, Осер и Париз Сен Жермен, а со последниот го освоил француското првенство во сезоната 1985-1986.

За француската репрезентација забележал 50 настапи во периодот 1983-1989 и бил во составот на репрезентацијата која го освоила Европското првенство 1984. Две години подоцна тој учествувал и на своето прво и единствено Светско првенство, но тоа не му останало во добри спомени бидејќи во полуфиналето против Западна Германија направил голема грешка при првиот гол на противникот што го постигнал Андреас Бреме (Франција го загубила натпреварот со 0-2).

По завршувањето на играчката кариера тој работел како тренер на голманите во неколку екипи, а како главен тренер ги водел екипите на Париз Сен Жермен и Шатору.

Титули

Клупски

Париз Сен Жермен

1985-1986

Репрезентативни

Франција

  • Европско првенство : 1
1984

Надворешни врски