Жоао Кансело

Жоао Педро Кавако Кансело (роден на 27 мај 1994) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Барселона и на португалската репрезентација.

Жоао Кансело
Лични податоци
Роден на27 мај 1994(1994-05-27)(30 г.)
Роден воБареиро, Португалија
ДржаваПортугалија Португалија
Висина&100000000000001820000001,82 м
Позицијаодбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клубБарселона Барселона
Број2
Младинска кариера
Бареиренсе
Бенфика Бенфика
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2012-2014Бенфика Б Бенфика Б51(3)
2014-2015Бенфика Бенфика1(0)
2014-2017Валенсија Валенсија74(2)
2017-2018Интер Интер26(1)
2018-2019Јувентус Јувентус25(1)
2019-Манчестер Сити Манчестер Сити98(5)
2023Бајерн Минхен Бајерн Минхен15(1)
2023-Барселона Барселона31(2)
Репрезентација
2010Португалија Португалија 166(0)
2010-2011Португалија Португалија 1717(1)
2011-2012Португалија Португалија 187(0)
2012Португалија Португалија 1925(1)
2013-2014Португалија Португалија 209(0)
2014-2017Португалија Португалија 2111(1)
2016-Португалија Португалија51(10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички одлики

Десен бек, кој исто така може да игра како странично во средниот ред или, по потреба, како десно крило; опремен е со извонредна брзина и техника, и добри центаршутеви во офанзивната зона.[1]

Клупска кариера

Бенфика

Роден во Бареиро, округот Сетубал, Кансело започнал да игра фудбал во локалниот клуб Бареиренсе. Во 2007 година, на возраст од 14 години, тој се приклучил на младинскиот систем на Бенфика каде што играл и како десен и како лев бек.

Откако ги минал сите младински категории на Бенфика (вклучувајќи го и вториот тим Бенфика Б за кој одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола), на 25 јануари 2014 го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како доцна замена во победата со 1-0 над Жил Висенте во Лига купот на Португалија.[2] Својот прв настап во лигата го имал на 10 мај 2014, играјќи како стартер во поразот со 2-1 од Порто во натпревар во кој Бенфика веќе ја имала осигурано титулата во првенството.[3]

Валенсија и Интер

Кансело во дресот на Валенсија

На 20 август 2014 година, Кансело и се приклучил на шпанската Валенсија со договор за едногодишна позајмица.[4] Неговото деби во Ла Лига се случило на 25 септември, играјќи го целиот натпревар против Кордоба на домашен терен во победата со 3-0; својата прва сезона во Валенсија ја завршил со 13 одиграни натпревари, во сите натпреварувања.

На 25 мај 2015 година, Валенсија трајно го откупила Кансело за 15 милиони евра,[5][6][7] потпишувајќи договор со него до 30 јуни 2021 година.[8]

Својот прв гол за "Лос Че" го постигнал на 16 септември во натпреварот од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите во кој Валенсија загубила на домашен терен од Зенит со 2-3.[9] Пред крајот на сезоната, на 20 април, тој го постигнал и својот прв првенствен гол во победата со 4-0 над Еибар, исто така, на Месталја.[10]

На 22 август 2017 година, Кансело му се приклучил на Интер со едногодишен договор за заем до 30 јуни 2018 година, со можност договорот на играчот да биде трајно откупен.[11] Договорот бил склучен како размена на играчи на заем, така што Жофри Кондогбија заминал во спротивната насока.[12] Своето деби за Интер го направил во Серија А четири дена подоцна, заменувајќи го Антонио Кандрева во 83-тата минута во победата со 3-1 на гостувањето кај Рома.[13][14] Кон крајот на август 2017 се здобил со повреда на лигаментите на коленото, додека бил на репрезентативна должност, која го оддалечила од терените околу месец и пол.[15] Тој се вратил во акција за време на победата со 3-2 над Милан во Дерби дела Мадонина, во кое ги одриграл последните 20 минути.[16]

На 17 април 2018, го постигнал својот прв погодок за Интер, од страничен слободен удар по кој никој не ја допрел топката по неговиот центаршут и таа завршила во мрежата, во победата со 4-0 на домашен терен над Каљари.[17] Сезоната во Интер ја завршил со вкупно 23 настапи и еден постигнат гол во сите натпреварувања, но исто така им помогнал на нероаѕурите да изборат пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона за првпат по шест години.

Јувентус

Кансело (десно) играјќи за Јувентус во 2018

На 27 јуни 2018, Кансело се преселил во Јувентус за 40,4 милиони евра;[18] потпишувајќи петгодишен договор со важност до 30 јуни 2023. Тој станал шестиот португалец кој играл за Јувентус по Руи Барос, Пауло Соуса, Димаш Теишеира, Тијаго Мендес и Жорже Андраде. Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 18 август 2018, во победата со 3-2 над Кјево во Верона;[19] иако одиграл генерално добар натпревар, сепак во 55-тата минута тој бил виновник за досудениот пенал за домаќините заради направен фаул над Емануеле Џакерини во шеснаесетникот на Јувентус. Својот прв гол за Јувентус, Кансело го постигнал на 27 јануари 2019 против Лацио на Олимпико во Рим во пресврт победата со 2-1, влегувајќи од клупата за резерви само неколку минути претходно; тој исто така имал важна улога и при победничкиот гол бидејќи над него бил направен пеналот кој успешно го реализирал неговиот сонародник Кристијано Роналдо.[20][21]

Својот прв трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија, после победата над Милан, а во април го освоил и своето прво скудето во кариерата откако Јувентус триумфирал во Серија А.[22]

Манчестер Сити

На 7 август 2019, Кансело потпишал шестгодишен договор со англискиот Манчестер Сити во зделка вредна 28 милиони евра плус Данило кој се преселил во Јувентус како дел од трансферот.[23][24]

Репрезентативна кариера

Кансело играл во сите младински репрезентативни категории на Португалија од онаа под 16 до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година учествувал на Европското првенство во 2015 и 2017 година.

Во август 2016 година тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација од страна на селекторот Сантос; дебитирал на 1 септември, во пријателски натпревар против Гибралтар и притоа постигнал гол на своето деби.[25] Следниот месец тој постигнал уште два гола во квалификациските победи над Андора дома со 6-0[26] и на гостувањето кај Фарски Острови (исто така 6-0).[27]

Во пријателскиот натпревар со Холандија во март 2018, добил црвен картон во 61-вата минута што ја чинело Португалија катастрофален пораз од 3-0. Во мај 2018, Кансело се нашол на поширокиот список од 35 играчи на селекторот Сантос за Светското првенство 2018,[28] но сепак подоцна испаднал од конкуренција и не се нашол во конечниот состав.[29]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
1-9-2016ПортоПортугалија 5 – 0  ГибралтарПријателска1
7-10-2016АвиероПортугалија 6 – 0  АндораКвал. за СП 20181
10-10-2016ТоршавнФарски Острови 0 – 6  ПортугалијаКвал. за СП 20181
13-11-2016ФароПортугалија 4 – 1  ЛатвијаКвал. за СП 2018-
28-3-2017ФуншалПортугалија 2 – 3  ШведскаПријателска-
10-11-2017ВизеуПортугалија 3 – 0  Саудиска АрабијаПријателска-  46'
26-3-2018ЖеневаПортугалија 0 – 3  ХоландијаПријателска-  44', 61'
6-9-2018ЛисабонПортугалија 1 – 1  ХрватскаПријателска-
10-9-2018ЛисабонПортугалија 1 – 0  ИталијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
ВкупноНастапи9Голови3

Клупска статистика

Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2012-2013 Бенфика БСЛ202---------202
2013-2014СЛ311---------311
Вкупно Бенфика Б513------513
јан.-јун. 2014 БенфикаПЛ10КП+ЛКП0+10ЛШ+ЛЕ0+00---20
2014-2015 ВаленсијаПД100КШ30------130
2015-2016ПД281КШ41ЛШ+ЛЕ6+11+0---393
2016-2017ПД351КШ30------381
јул.-авг. 2017ПД10КШ00------10
Вкупно Валенсија74210171--914
авг. 2017-2018 ИнтерА261КИ20------281
2018-2019 ЈувентусА251КИ10ЛШ70СИ10341
Вкупно во кариерата1777141141102069

Титули

Бенфика

  • Примеира лига (1) : 2013-2014.
  • Куп на Португалија (1) : 2013-2014.
  • Лига куп на Португалија (1) : 2013-2014.
  • Суперкуп на Португалија (1) : 2014.

Јувентус

Наводи

Надворешни врски