Ерјон Тола

Ерјон Тола (роден на 15 декември 1986 година) - албански скијач во алпско скијање, кој ја претставувал Албанија на Зимските олимписки игри 2006,[1] 2010, 2014 и 2018 година.[2]

Ерјон Тола (алпско скијање) влегува на стадионот на церемониjата за отворање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер
Ерјон Тола (алпско скијање) влегува на стадионот на церемониjата за отворање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер

Живот

Тола е роден во Тирана во 1986 година. Тој бил рангиран на последното место меѓу оние кои го завршија машкиот супер-Г, но завршил на 35. место во велеслалом во машка конкуренција.[1] Тола завршил на 48. место во слалом во машка конкуренција[3] и 63. во машки велеслалом на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер. Тој тренира во Италија и живее во Червинија од 1992 година.[4]

Во 2018 година тој и Суела Мехили ја претставувале Албанија на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја. Тоа биле негови четврти и нејзини втори олимписки игри.[5]

Наводи

Надворешни врски