Видливо на ширина од +32° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец декември.
Еридан (лат.Eridanus, Eri) — соѕвездие, прикажано како река, и истото на старогрчки е името за реката По. Станува збор за едно од 48 соѕвездија наведени од астрономот Птоломеј, и останало едно до 88 современи соѕвездија. Еридан е шесто по површина од сите современи соѕвездија.[1]
На јужниот крај е ѕвездата со привидна величина од 0,5 Ахернар, означена како Алфа Еридан. 144 сг. од Земјата, станува збор за сино-бело обоена ѕвезда од главната низа чие традиционално име значи „крајот на реката“.[1] Ахернар е мошне особена ѕвезда бидејќи е една од најсплесканите познати ѕвезди. Набљудуваљата укажуваат дека полупречникот е за 50% поголем на екваторот отколку на половите. Ова нарушување се должи на огроманата брзина со која се врти самата ѕвезда.
Постојат и други позабележителни ѕвезди во Еридан, вклучувајќи и неколку двојни ѕвезди. Бета Еридан, позната и како Курса, е сино бела ѕвезда со светлинска големина 2,8, 89 сг. од Земјата. Нејзината местоположба до стапалото на Орион на југ го опеделило името на истата, што всушност значи „подножје“. Тета Еридан, наречена и Акамар, е двојна ѕвезда со сино бели ѕвезди, кои можат да се забележат со мали аматерски телескопи и се наоѓа на 161 сг. од Земјата. Првичната е со светлинска големина 3,2 а втората со светлинска големина 4,3. 32 Еридан е двојна ѕвезда на 290 сг. од Земјата. Првичната е жолта ѕвезда со светлинска големина 4,8 а втората е сино-зелена ѕвезда со светлинска големина 6,1. 32 Еридан може да се набљудува во помали аматерски телескопи. 39 Еридан е двојна ѕвезда која може да се набљудува поединечно во мали аматерски телескопи, 206 сг. од Земјата. Првичната е портокалова ѕвезда со светлинска големина 4,9 а втората е со светлинска големина 8. 40 Еридан е троен систем од ѕвезди кои се состои од потокалова ѕвезда на главната низа, бело џуџе и црвено џуџе. Портокаловата ѕвезда е со светлинска големина 4,4, и втората белото џуџе има светлинска големина 9,5 и е едно од најдобро видливите бели џуџиња. Црвеното џуџе, има светлинска големина 11, и кружи околу белото џуџ на секои 250 години. Системот на 40 Еридан е на 16 свстлосни години од Земјата. p Еридан е двојна ѕвезда со две портокалови ѕвезди, на 27 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда има светлинска големина од 5,8 додека пак втората има светлинска големина од 5,9 и орбитален период од 500 години.[1]
Уметнички приказ на планетата со Јупитерова маса која кружи околу блиската ѕвезда Ипсилон Еридан
Ипсилон Еридан е ѕвезда со една вонсончева планета слична на Јупитер. Станува збор за портокалова ѕвезда од главната низа со светлинска големина 3,7, 10,5 lсг. од Земјата. Планетата е со маса приближна на онаа на Јупитер, со орбитален период од 7 години.[1]
Ериданската Голема Празнина е најголемата празнина (област од вселената во кои нема галаксии) откриена во 2007 г. Со пречник од околу 1 милијарда сг. е најголемата позната празнина. Откриена е со поврзување на „ладна точка“ од микробрановото позадинско зрачење со отсуството на радиогалаксии во податоците на американската Национална радиоастрономска опсерваторија со користење на Многу големата мрежа за небесно набљудување.[2] Постојат шпкулации дека празнината се должи на постоењето на квантен заплет меѓу нашата вселена и друга вселена.[3][4]
NGC 1535 е мала сино-сива планетарна маглина која може да се забечежи со мали аматерски телескопи, со диск кој може да се види со глеми аматерски инструменти. 2.000 сг. од Земјата, и сосветлинска големина 9.[1]
Ну Ериданиди, неодамна откриен метеорски дожд, потекнува си соѕвездието меѓу 30 август и 12 септември секоја година, дождот потекнува од непознат објект од Ортовиот Облак.[7] Друг метеорски дожд е Омикрон Ериданиди, чиј максимум е меѓу 1 и 10 ноември.[8]
Кит ги става своите шепи во Еридан на оваа илустрација во книгата „Огледалото на Уранија“ (1825) г.
Името Еридан се однесува на реката По, главната река во северна Италија. Поврзувањето на соѕвездието со реката се должи на начинот на кој ѕвездите во истото следат извртена патека. На некои ѕвездени карти, Еридан е прикажан како река која телче од водата која е истурена од Водолија. На овие карти, Водолијата е претставена како да е свртена кон Еридан, со што е потребно да се создаде поинаков поглед и распределба на тоа како се поврзани ѕвездите во Водолија, за да водата тече во истата насока како на реката Еридан.
Според една теорија, грчкото име потекнува од Вавилонското соѕвездие познато како Ѕвездата на Ериду (MUL.NUN.KI). Ериду бил стар град на југот од Вавилонското царство, смсетен во мочуришните области и се сметал за свет поради својата посветеност на богот Енки-Еа кој владеел со космичкиот домен на абисот, митолошка замисла за резервоар на свежа вода под Земјината површина.[9]
Еридан се поврзува и со митот за Фаетон, кој го наследил владеењето од својот татко Хелиј во небесната кочија (т.е., Сонцето),[1] но истиот немал доволна сила да го исконтролира и истото се испревиткало по небесниот свод горејќи ги небото и земјата. Се замешал Зевс кој го убил Фаетон со молња и го фрлил на површината на земјата. Соѕвездието го претставувало патот по кој се движел Фаетон за подоцна да се смета дека е патеката по која се движат душите. Бидејќи Еридан било грчкото име за реката По, река за која се смета дека е местото во кое според Овид запаленото тело на Фаетон било изгаснато, митологијата и географијата на небесниот и земјениот Еридан е пресложена.[10]
Друга поврзаност на Еридан се бројните реки околу целиот свет. Првично споредувано со реката Нил во Египет, за подоцна да биде споредено со реката По Во Италија. Ѕвездите на современото соѕвездие Печка биле дел од Еридан.[1]