Епоним

Епоними (гр. апонимон = „именувач“) се апелативи (општи именки) по кои нештото го добило своето име/назив. Како за пример тоа може да биде место, временски период, некое откритие, итн, најчесто по некоја заслужна личност. Епонимите се пишуваат со мали почетни букви. Во повеќето случаи употребата на нештата чие име е епоним, општо е прифатена. Додека постојат и случаи кога има сосема различна прифатеност за сосема слични работи – на пример луѓето припадници на христијанска религија го носат името „христијани” и се гордеат со тоа име, додека муслиманите негативно го примаат нивното именување како „мохамедани”.

Исто така важно е да се знае, дека трговските марки, кои го носат името на создателот на истите, не се епоними. „Форд” не е епоним за автомобилите од таа марка.

Под поимот епоними спаѓаат и зборови кој не потекнуваат од ниту еден стандарден јазик па истите се употребуваат во колоквијални искази, примери: дигитрон (калкулатор), калодонт (паста за заби), палома (хартиена марамица) и слично.

Список на познати епоними

  • Атлас (џин во старогрчката митологија)
  • Бојкот (Чарлс Бојкот, ирски агент)
  • Гилотина — (Жозеф-Игњас Гијотен, француски лекар)
  • Хулиган (Патрик Хулиган, ирски разбојник)
  • Алојз Алцхајмер — (Алцхајмерова болест)
  • Андре Мари Ампер — (ампер, амперов закон)
  • Дизел (Рудолф Диел, германски инженер)
  • Доберман - (Луис Доберман, германски даночник кој секогаш цврсто ги водел кучињата)
  • Роалд Амундсен — (Амундсеново море, Амундсенов кратер)
  • Архимед — (Архимедов закон)
  • Октавијан Август — (месец август)
  • Амедео Авогадро — (Авогадров број, Авогадров закон)
  • Луј де Бешамел — (Бешамел сос)
  • Александар Грејам Бел — (мерна единица)
  • Данијел Бернули — (Бернулиев закон)
  • Луј Брај — (Брајова азбука)
  • Луј Дагер — (Дагеротипија)
  • Волт Дизни — (Дизниленд)
  • Фердинанд фон Цепелин — (Цепелин)
  • Шовинист - (Николас Шовин, Наполеонов војник)
  • Шрапнел - (Хенри Шрапнел, англиски стручњак за оружје)
  • Вулкан - (Вулкан, римски бог на огнот)
  • Жилет - (Кинг Камп Жилет, американски стопанственик)