Енциклопедија на вонсончеви планети

астрономска база на податоци

Енциклопедијата на вонсончеви планети (англиски: Extrasolar Planets Encyclopaedia)[1][2][3][4][5]астрономски портал кој претставува база на сите познати и потенцијални вонсончеви планети, со поединечни страници за секоја планета и полн интерактивен таблеарен каталог. Основач и уредник на енциклопедијата е астрономот Жан Шнајдер од Париската опсерваторија кој ја започнал во февруари 1995.[6][7] Главниот каталог содржи бази на податоци за сите тековно потврдени вонсончеви планети и база на забележани, но непотврдени планети. Базата често се подновува со најнови податоци од стручни трудови, билтени и конференции.

Енциклопедија на вонсончеви планети
The Extrasolar Planets Encyclopaedia
Вид место
астрономија
СопственикПариска опсерваторија
СоздавачЖан Шнајдер
Приходи5
Адресаhttp://exoplanet.eu/
Зачленувањенема

На поединечните страници, планетите се наведени заедно со нивните основни особини како годината на откривање, масата, полупречникот, орбиталниот период, големата полуоска, орбиталното отстапување, наклонот, должината на перицентарот, времето на перицентарот, максималната временска варијација и времето на преминување, вклучувајќи ги сите опсези на грешка.

Страниците на планетите содржат и податоци за нивните матични ѕвезди, како што се име, оддалеченост (во парсеци), спектрален тип, делотворна температура, привидна величина V, маса, полупречник, старост, координати на ректасцензија и деклинација. Дури и кога се познати, не сите податоци се наведени во интерактивниот табеларен каталог. Изоставени се и многу од податоците што се пресметуваат со проста примена на Третиот Кеплеров закон за движењето. Најзабележително е отсуството на податоци за сјајноста на ѕвездите.

Каталогот заведува објекти со масивност до 25 Јупитерови маси,[8] накачено од претходниот критериум од 20 Јупитерови маси.[9]

Поврзано

Наводи