Ентони Хјуиш

Ентони Хјуиш (англиски: Antony Hewish 11 мај 1924) e британски радиоастроном кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1974 (заедно со колегата радиоастроном Мартин Рајл) за работата окулу пронаоѓањето на радиосинтезна апература и неговата улога во откривањето на пулсарите. Исто така бил награден и со Едингтонов медал на Кралското астрономско друштво во 1969.

Ентони Хјуиш
Роден(а)11 мај 1924(1924-05-11)(100 г.)
Фовеј, Корнвол, Англија
НационалностОбединето Кралство Британец
ПолињаРадиоастрономија
ОбразованиеТаунтонски кралски колеџ
Колеџ "Gonville and Caius" (Кембриџ)
Кавендишка лабораторија во Кембрички универзитет
Познат поПулсари
Поважни наградиХјузов медал (1977)
Нобелова награда за физика (1974)
Едингтонов медал на Кралското астрономско друштво (1969)
Потпис

Рани години

Се образувал во Таунтонскиот кралски колеџ. Неговите постдипломски студии во колеџот "Gonville and Caius" (Кембриџ), биле попречени од воените служби во истражувачкото воспоставување "Royal Aircraft Establishment" и "Telecommunications Research Establishment" каде работел со Мартин Рајл. Враќајќи се во Кембриџ во 1946, Хјуиш дипломирал и истовремено се придружил на рајловиот истражувачки тим во кавендишката лабораторија, а докторирал во 1952. Хјуиш направил честичен и теориски напредок во набљудувањето и експлоатацијата на очигледните светкања на радиоизворите како резултат на нивното зрачење на слики на плазмата. Ова го довело до предложување и сигурно финансирање за конструкција на меѓупланетарната светлосна низа, голема низа на радиотелескопи во милардската радиоастрономска опсерваторија (MRAO) во Кембриџ за да однесе високовременска радиорезолуциска анкета од меѓупланетарната светлина.

Нобелова награда

Во текот на оваа анкета, еден од неговите дипломирани студенти, Џослин Бел Бернел, открил радиоизвор кој бил познат како првиот пулсар. Документот во кој бил објавен овој пронајдок имал пет автори, името на Хјуиш било прво на листата, а на Бел било второ. Хјуиш и Мартин Рајл биле наградени со Нобелова награда за физика во 1974. Нобеловата награда на Рајл и Хјуиш, без вклученост на Бел како кодобитник, била контроверзна и била строго осудена од колегата на Хјуиш, астрономот Фред Хојл. Сега светски познато е дека раководителот на секторот и супервизорот на Џослин Бел „ја добиле Нобеловата награда за физика за откритие кое всушност било нејзино. Некои луѓе Нобеловата награда ја нарекуваат Не-Бел бидејќи толку силно сметаат дека наградата требала да биде споделена со Џослин Бел Бернел.“[1] Покрај ова, сеедно, по доделувањето на наградата на Хјуиш и Рајл, на интервју со „Cosmic Search (Вселенска истрага)“ Бел го изјавила следново:

„Било предложено дека требало јас да имам дел од Нобеловата награда доделена на Тони Хјуиш за откривање на пулсарите. Има неколку работи окулу ова кои би сакала да ги појаснам: Прво, демаркацијата на спорови помеѓу студент и супервизор секогаш е неедноставна, речиси невозможно е да се реши. Второ, супервизорот е тој кој има одговорност за успехот или неуспехот на проектот. Сретнуваме случаи каде супервизорот го обвинува студентот за неуспех, но знаеме дека тоа е огромна вина на супервизорот. Мене ми изгледа фер тоа дека треба тој да профитира од успехот. Трето, јас мислам дека Нобеловата награда ќе го изгуби своето значење ако се доделува на студенти, освен при поголеми исклучоци, но јас не верувам дека во овој случај се работи за тоа. Последно, јас лично не сум вознемирена окулу тоа, на крајот на краевите, јас сум во добра компанија, нели?!“[2]

Последователна кариера

Хјуиш бил професор по радиоастрономија во кавендишката лабораторија од 1971 до 1989 и начелник на милардовата радиоастрономска опсерваторија (MRAO) од 1982 до 1988. Бил направен за соработник на Кралското друштво во 1968. Тој се здружил со Кралската институција во Лондон кога било наредено од Сер Вилијам Лоренс Брег. Во 1965 бил поканет да биде дел од доделувањето на божиќните предавања на кралската институција за „Истражување на вселената“. Тој последователно одржал ноќни петочни дебати[3] и бил професор во кралската институција во 1977.[4][5]

Хјуиш е соработник со черчиловиот колеџ во Кембриџ. Тој исто така е член на советничкиот конзулат на кампањата за наука и инженерство.[6]

Награди и почести

Хјуиш има почесни дипломи од шест универзитети меѓу кои Манчестер, Екстер и Кембриџ. Тој е странски член на белгиската кралска академија и американската академија на уметностите и науките. Негови поважни награди се:[4]

  • Едингтонов медал, Кралско астрономско друштво (1969)
  • Делингеров златен медал, Меѓународна унија за радионаука (1972)
  • Алберт А. Мајкелсонов медал, Франклинов институт (1973, заеднички со Џослин Бел Бернел)[7]
  • Нобелова награда за физика (заеднички) (1974)
  • Хјузов медал, Кралско друштво (1977)

Религиозни погледи

Хјуиш сметал дека религијата и науката се комплементарни. Во предговорот на „Прашања на вистината“ Хјуиш напишал:

„Сенишното присуство на виртуелните честички пркоси на рационалнозрдавиот разум и е неинтуитивна за тие кои се неапознаени со физиката. Религиозната верба во Бог и христијанското верување ... можеби е чудно за разионалното размислување. Но кога повеќето основни физички работи се однесуваат на овој начин, треба да сме спремни да прфатиме дека најдлабоките аспекти на нашето постоење се надвор од нашето свесно разбирање.“[8]

Личен живот

Тој се оженил со Мерџори Ричардс во 1950 и имале еден син.

Библиографија

  • Hewish, A (1975). „Pulsars and High Density Physics“. Science (објав. 13 June 1975). 188 (4193): 1079–1083. Bibcode:1975Sci...188.1079H. doi:10.1126/science.188.4193.1079. PMID 17798425.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски