Езерски Врв (Динариди)
Езерски Врв (албански: Maja Jezercë, српски: Језерски врх) — врв на масивот Проклетие меѓу Албанија и Црна Гора. Претставува највисокиот врв на Динаридите, втор по висина во Албанија и седми на Балканот. Се издига на надморска височина од 2.694 м. и го зазема 28. место по истакнатост во Европа.[3]
Езерски Врв | |
---|---|
Maja Jezercë / Језерски врх | |
Поглед на Езерскиот Врв од Тројан | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.694 м [1] |
Истакнатост | 2.036 м [2] |
Географија | |
Место | Скадарска област |
Координати | 42°26′33″N 19°48′51″E / 42.44250° СГШ; 19.81417° ИГД |
Матичен венец | Проклетие, Динариди |
Геологија | |
Вид | варовник |
Искачување | |
Прво освојување | 1929 г. од Слиман, Елмсли и Елвуд |
Најлесен пат | северна падина |
Врвот е сместен во масивот Проклетие, познат по најјужните ледници во Европа.[4] Освен некои подрачја северно од врвот, варовничкиот масив е дел од националните паркови Тет и Долината на Валбона.[5] До врвот се статува по патека од северната страна; највеќето планинари приоѓаат од гратчето Гусиње од црногорска и селото Тет од албанска страна.[6]
Езерски Врв лежи на 5 км од Црна Гора, меѓу долината на реката Валбона на исток и седлото Шала на запад.
Комунистичката власт на НСР Албанија го преименувала врвот во „Врв на Младоста“ (Maja e Rinisë), но ова име не було усвоено во секојдневна употреба.[6]
Топографија
Езерце е каменлив врв од доломитски варовник речиси без никаква растителност. На север, исток и запад од врвот се протега голем цирк од времето кога ледниците зафаќале поголема површина. Денес северниот цирк се нарекува Езерска Долина (Buni i Jezercës) и е на висина од 1.980 до 2.100 м, со ледничко езеро долго 380 м.[7]
Галерија
- Врвот од Караниул (2.480 м)
- Врвот од север
- Езерски Врв (напред) со долината Руница и Каранфил
- Поглед од врвот Зла Колата
- Поглед на Проклетие од летало
- Надолен поглед на масивот со Езерскиот Врв
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
- Езерски Врв — SummitPost (англиски)
- Воена топографска карта на подрачјето на Езерски Врв[мртва врска] (српски)
Предлошка:Планини во Албанија