Европски фудбалски натпреварувања

список на статии на Викимедија

Европски фудбалски натпреварувања, или уште познати под терминот Европски купови, претставуваат сите сезонски меѓународни фудбалски натпреварувања организирани на територијата на Европа.

Лигата на шампионите е најпрестижното европско натпреварување.

Во 1954 година била формирана конфедерацијата УЕФА, која денес е покровител на сите постоечки европски фудбалски натпреварувања.[1]

Историја

1927-1955

Потребата за меѓународна клупска активност била силно почувствувана уште во почетоците на Европскиот фудбал, но ФИФА ​​секогаш сметала дека првенствата организирани за репрезентациите како единствени такви се доволни за мерење на спортските резултати на различните нации. Не сметајќи ги натпреварите организирани помеѓу различни федерации, но кои припаѓале на истата политичка реалност, како што биле Велика Британија или Австроунгарското Царство, кои се појавиле пред Првата светска војна, главниот обид да се организира официјален турнир помеѓу екипи од различни држави бил Митропа купот,[2] додека четири години по крајот на Втората светска војна се родил Латинскиот куп[3] и во 1952 година бил оформен Грасхоперс купот.[4] И трите турнири се однесувале само на ограничена област на европскиот континент.[5] Сепак, трите турнири значително придонеле за развој на континенталните фудбалски натпреварувања, особено, довеле до формирање на европскиот Куп на шампиони во 1955 година.[6]

Од 1955 до денес

По формирањето на УЕФА, во 1955 година било создадено првото официјално натпреварување под покровителство на оваа конфедерација, имено Купот на шампионите (денес УЕФА Лига на шампиони), проследено со основањето на УЕФА Купот на победниците на куповите во 1960 година (укинат во 1999 година) и Купот на УЕФА (денес УЕФА Лига Европа) во 1971 година.

Надвор од УЕФА, Купот на саемските градови (неофицијален претходник на Купот на УЕФА) бил основан на 18 април 1955 година, раѓајќи се како идеја на Ернст Томен,[7] кој години порано планираl куп со покани само за екипите од водечките европски градови (Грасхоперс купот).[7] По одбивањето на УЕФА да го прифати новиот Куп на саемските градови, Томен се обратил до ФИФА, која во 1955 година формирала организациски комитет за да му даде шанса на новиот куп.[7] Во 1959 година никнало Копа дел Амичизија, меѓународно фудбалско натпреварување за клубови и претставници на Лигата, кое се одвиваше во пријателска форма во период од 1959 до 1968 година.[8][9]

Купот на Алпите, создаден во 1960 година[10] во организација на италијанската фудбалска федерација и швајцарската фудбалска асоцијација, било фудбалско натпреварување за клубови што се одржувало до 1987 година. Се смета, заедно со Рапан купот и Англо-италијанскиот турнир, меѓу натпреварувањата претходниците на УЕФА Интертото купот.[11]

Англо-италијанскиот Лига куп било фудбалско натпреварување кое се играло од 1969 до 1976 година, во два натпревари на домашен и гостински терен, помеѓу италијански и англиски екипи освојувачи на Купот на Италија и Лига купот на Англија. Овој систем на натпреварување се содржел во првите три изданија, додека во последните две изданија победниците на ФА Купот се натпреварувале за пехарот против италијанските екипи.[12] Англо-италијанскиот куп,[13] било уште едно фудбалско натпреварување помеѓу клубови од Италија и Англија, а се одржувало од 1970 до 1996 година. Замислен во 1969 година од Џиџи Пероначе, овој куп бил под покровителство на УЕФА, ФИГК и ФА.[14]

Во 1973 година, УЕФА ја презела организацијата на Суперкупот на УЕФА, годишен натпревар помеѓу победниците на Купот на шампиони (подоцна Лига на шампиони) и оние на Купот на победниците на куповите (почнувајќи од 2000 година, во натпреварот играат победниците на Купот на УЕФА, денес Лига Европа, поради укинувањето на Купот на победниците на куповите). Конечно, помеѓу 1995 и 2008 година бил основан УЕФА Интертото купот, летен турнир на кој, покрај трофејот, победниците изборувале пласман во Купот на УЕФА.

Натпреварувања

УЕФА

Тековни натпреварувања

  • УЕФА Лига на шампиони, до сезоната 1991-1992 познато како Куп на шампионите (C1).
    Резервирано за националните шампиони на федерациите членки на УЕФА до изданието 1996-97. Од изданието 1997-98 се примаат најдобропласираните екипи од националните лиги, до максимум 4 екипи за најдобро рангираните земји според коефициентот на УЕФА.
  • УЕФА Лига Европа, до сезоната 2008-2009 познато како Куп на УЕФА (C3).
    Резервирано за екипите класифицирани во нивните национални лиги, веднаш под екипата или екипите кои имаат право да учествуваат во Купот на шампионите / Лигата на шампионите.
  • Суперкуп на УЕФА.
    годишен натпревар помеѓу победниците на Купот на шампиони/Лигата на шампиони и Купот на победниците на куповите, од 2000, по укинувањето на Купот на победниците на куповите, се игра помеѓу победникот на Лигата на шампионите и Купот на УЕФА/УЕФА Лига Европа.
  • УЕФА Конференциска лига на Европа од сезоната 2021-2022

Укинати натпреварувања

Таму се квалификувале освојувачите на националните купови на федерациите. По укинувањето на овој куп, победничките екипи од националните купови се пласираат во Купот на УЕФА / Лига Европа.

  • УЕФА Интертото куп, од 1995 до 2008.
    Летен турнир наменет за екипите рангирани во нивните национални лиги веднаш под екипата или екипите кои имале право да учествуваат во Купот на УЕФА. Тој бил наследник на Рапан купот, а победниците односно екипите кој ќе ја минат третата нокаут-фаза стекнуваат право да играат во Купот на УЕФА. До 2005 година, натпреварувањето имало три победника, додека за изданијата од 2006 до 2008 година, УЕФА му ја доделувала титулата шампион со трофеј и сертификат само на клубот кој, откако ја поминал третата елиминациска фаза на турнирот, останал најдолго во Купот на УЕФА.

Не УЕФА

  • Митропа куп,[15] од 1927 до 1992.
  • Латински куп, од 1949 до 1957.
  • Грасхоперс куп, од 1952 до 1957.[16]
  • Куп на саемските градови, од 1955 до 1971.
    УЕФА го признава како претходник на Купот на УЕФА/Лига Европа, но Европската конфедерација никогаш не го сметала за официјално европско натпреварување, ниту пак некогаш играл некаква улога во нејзината организација.
  • Куп на Алпите, од 1960 до 1987.
    Во првите изданија, најголем број од учесници се состоеле од италијански и швајцарски клубови, на кои се придодале германски и француски клубови, додека во изданијата од 1972 до 1987 година, учествувале само француски и швајцарски клубови.
  • Карл Рапан куп, од 1961 до 1994.
    Настанот останал во позадина многу години сè додека, во 1995 година, УЕФА не одлучила да го вклучи меѓу своите турнири, претворајќи го во влезно натпреварување во Купот на УЕФА
  • Англо-италијански Лига куп, од 1969 до 1976.
    Било фудбалско натпреварување кое се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, помеѓу италијански и англиски екипи; во првите три изданија се среќавале освојувачите на Купот на Италија и Лига купот на Англија, додека во последните две изданија победниците на ФА Купот се натпреварувале за пехарот против италијанските екипи.
  • Англо-италијански куп, од 1970 до 1996.
    било уште едно фудбалско натпреварување помеѓу клубови од Италија и Англија, а се одржувало под покровителство на УЕФА, ФИГК и ФА. Главната мотивација за раѓање на овој куп била да се даде место во европските натпреварувања на екипите од двете земји: Англичаните, поради строгите правила наметнати од Фудбалската асоцијација, а Италијанците кои не можеле да учествуваат во Купот на саемските градови.

Титули по екипа

Информација: редоследот е конвенционален составен почнувајќи од вкупниот број на трофеи и постепено одземајќи ги куповите со помало значење во случај на еквивалентност.

ПозицијаЕкипаЛШКПКЛЕ + КСГСУИКЛатВкупно
1 Реал Мадрид13-2 + 04-221
2 Барселона540 + 35-219
3 Милан72-5-216
4 Ливерпул6-3 + 04--13
5 Бајерн Минхен611 + 02--10
6 Јувентус213 + 021-9
7 Ајакс411 + 02[17]--8
8 Атлетико Мадрид-13 + 03--7
8 Валенсија-11 + 221[18]-7
8 Севиља--6 + 01--7
11 Манчестер Јунајтед311 + 01--6
11 Интер3-3 + 0---6
11 Челси122 + 01--6
14 Порто2-2 + 01--5
15 Андерлехт-21 + 02--5
16 Парма-12 + 01--4
17 Хамбургер11--2[19]-4
18 Фејенорд1-2 + 0---3
19 Тотенхем-12 + 0---3
20 Нотингем Форест2--1--3
21 Динамо Киев-2-1--3
22 Астон Вила1--11[18]-3
23 Шалке 04--1 + 0-2[20]-3
24 Бенфика2----13
25 Борусија Дортмунд11----2
26 ПСВ1-1 + 0---2
27 Арсенал-10 + 1---2
27 Реал Сарагоса-10 + 1---2
29 Б. Менхенгладбах--2 + 0---2
29 Гетеборг--2 + 0---2
29 Лидс Јунајтед--0 + 2---2
32 Стеауа Букурешт1--1--2
33 Абердин-1-1--2
33 Мехелен-1-1--2
33 Лацио-1-1--2
36 Галатасарај--1 + 01--2
36 Зенит Ст. Петербург--1 + 01--2
38 Олимпик Марсеј1---1[18]-2
39 Вердер Бремен-1--1[18]-2
39 Вест Хем Јунајтед-1--1[18]-2
39 Париз Сен Жермен-1--1[18]-2
42 Њукасл Јунајтед--0 + 1-1-2
43 Штутгарт----2[20]-2
43 Виљареал----2[20]-2
45 Селтик1-----1
45 Црвена ѕвезда1-----1
47 Фјорентина-1----1
47 Спортинг Лисабон-1----1
47 Слован Братислава-1----1
47 Манчестер Сити-1----1
47 Ренџерс-1----1
47 Магдебург-1----1
47 Динамо Тбилси-1----1
47 Евертон-1----1
47 Сампдорија-1----1
56 Ајнтрахт Франкфурт--1 + 0---1
56 Ипсвич Таун--1 + 0---1
56 Бајер Леверкузен--1 + 0---1
56 Наполи--1 + 0---1
56 ЦСКА Москва--1 + 0---1
56 Шахтар Донецк--1 + 0---1
62 Рома--0 + 1---1
62 Ференцварош--0 + 1---1
62 Динамо Загреб--0 + 1---1
65 Бордо----1[18]-1
65 Стразбур----1[18]-1
65 Силкеборг----1[18]-1
65 Генгамп----1[18]-1
65 Карлсруе----1[18]-1
65 Осер----1[18]-1
65 Олимпик Лион----1[18]-1
65 Бастија----1[18]-1
65 Болоња----1[18]-1
65 Монпелје----1[18]-1
65 Селта Виго----1[18]-1
65 Удинезе----1[18]-1
65 Троа----1[18]-1
65 Фулам----1[18]-1
65 Малага----1[18]-1
65 Перуџа----1[18]-1
65 Лил----1[18]-1
65 Ланс----1[18]-1
65 Брага----1-1
65 Ремс-----11

Титули по земји

Следната табела ги групира успесите во различните европски купови по земји. За статистичка униформност, победите се запишани според „сегашните“ национални припадности.

На пример:

Информација: редоследот е конвенционален составен почнувајќи од вкупниот број на трофеи и постепено одземајќи ги куповите со помало значење во случај на еквивалентност.

ПозицијаЕкипаЛШКПКЛЕ + КСГСУИКЛатБкупно
1  Шпанија18712 + 6155467
2  Англија1389 + 484-46
3  Италија1279 + 194244
4  Германија856 + 028-29
5  Франција11--12115
6  Холандија614 + 02[17]--13
7  Португалија412 + 011110
8  Белгија-31 + 03--7
9  Шкотска12-1--4
10  Украина-21 + 01--4
11  Русија--2 + 01--3
12  Шведска--2 + 0---2
13  Романија1--1--2
14  Турција--1 + 01--2
15  Србија1-----1
16  Грузија-1----1
16  Словачка-1----1
18  Унгарија--0 + 1---1
18  Хрватска--0 + 1---1
20  Данска----1-1

Повеќе титули во една сезона за една земја

ГодинаДржаваКуп на шампиони
УЕФА Лига на шампиони
Куп на победниците на куповитеКуп на УЕФА
УЕФА Лига Европа
Суперкуп на УЕФАМитропа куп
1975 ГерманијаБајерн МинхенБорусија Менхенгладбах
1981 АнглијаЛиверпулИспвич Таун
1984 АнглијаЛиверпулТотенхем
1989 ИталијаМиланНаполиМилан
1990 ИталијаМиланСампдоријаЈувентусМиланБари
1993 ИталијаПармаЈувентусПармаУкинат
1994 ИталијаМиланИнтерМиланУкинат
1997 ГерманијаБорусија ДортмундШалке 04Укинат
1999 ИталијаЛациоПармаЛациоУкинат
2006 ШпанијаБарселонаУкинатСевиљаСевиљаУкинат
2014 ШпанијаРеал МадридУкинатСевиљаРеал МадридУкинат
2015 ШпанијаБарселонаУкинатСевиљаБарселонаУкинат
2016 ШпанијаРеал МадридУкинатСевиљаРеал МадридУкинат
2018 ШпанијаРеал МадридУкинатАтлетико МадридАтлетико МадридУкинат
2019 АнглијаЛиверпулУкинатЧелсиЛиверпулУкинат

Наводи