Евен Хафман

американски велосипедист

Евен Лукас Хафман (англиски: Evan Lukas Huffman; р. 7 јануари 1990) — поранешен американски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2013-2019 за екипите Астана, Тим СмартСтоп и Рели УХЦ Сајклинг. Негови позначајни победи се планинскиот пласман на Трката околу Калифорнија 2016 и победите на трките, Трка околу Алберта и Трка Џила.

Евен Хафман
Хафман На Трката околу Алберта 2016
Лични податоци
Цело имеЕвен Лукас Хафман
Роден7 јануари 1990(1990-01-07)(34 г.)
Елк Гроув, Калифорнија,  САД
Висина1,75 м[1]
Маса71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2008
2011-2012
Калифорниски политехнички државен универзитет
Калифорнија Џајант Бери-Спешалајзд
Професионални клубови
2013–2014
2015
2016–2019
Астана
Тим СмартСтоп
Рели Сајклинг

Кариера

Рана кариера

Хафман настапувал во повеќе спортови во средното училиште во родниот град во Калифорнија, првпат настапил во велосипедизам во 2007 година и возел за Калифорнискиот политехнички државен универзитет следната година.[1] Првпат привлекол меѓународно внимание со неколку хронометарски победи и државното првенство под 23 години во 2012 додека возел за екипата Кал-Џајант.[1]

2013–2015

Откако го зголемил своето меѓународно искуство, Хафман се приклучил на Астана во 2013 година.[1] Неговото место во екипата било во голем дел благодарение на напорите на Specialized Bicycle Components.[3] Во Астана како единствен Американец и живеејќи во Европа одвоен од неговиот дом и семејство било тешко за него. Дополнително, поради големиот состав на екипата[3] возел нередовно, што довело до помалку резултати и се вратил во Калифорнија без договор за 2015 година. Потоа, се приклучил на Тим СмартСтоп кој се распаднал истата година.[3]

2016–2017

Хафман возел за Рели Сајклинг во 2016 година и имал пробив со освојување на планинскиот пласман на Трката околу Калифорнија 2016. За Хафман, 2017 била сезона со невиден успех за него и за неговата екипа.[4] Ги освоил генералните пласмани на Трката околу Алберта и Трката Џила. Дополнително, ги освоил етапите 4 и 7 на Трката околу Калифорнија и двапати ја освоил сината маичка како најборбен возач на крајот на секоја етапа.[5]

По победата на Трката околу Алберта, Хафман искоментирал за неговиот успех: „Не знам што е подобро, две победи во Калифорнија или генерален пласман тука. Претходно оваа година Трката Џила беше најголема пред ова, така што навистина покажав голем напредок во краток период во последните две години со оваа екипа“.[6]

Личен живот

Хафман има тетоважи на неговата подлактица од внатрешната страна и уште една на неговите гради, сите поврзани со христијанството. Ги направил тетоважите на крајот од 2014 година кога се вратил во САД од Европа.[1][3] Се оженил со неговата сопруга Хедер во октомври 2017 година.[1]

Достигнувања

2008
1. Национално јуниорско друмско првенство
2011
2. Класик Невада
3. Национално друмско првенство под 23 години
2012
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Етапа 3 (ITT) Трка Џила
1. Етапа 2 (ITT) Класик Меклејн Пацифик
2015
Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
1. Планински пласман
1. Етапа 3
8. Класик Винстон-Салем
2016
1. Планински пласман Трка околу Калифорнија
3. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 4
3. Класик Винстон-Салем
6. Ридинг 120
2017
1. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 1
1. Краен пласман Трка Џила
1. Етапа 3 (ITT)
Трка околу Калифорнија
1. Етапа 4
1. Етапа 7
3. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
1. Етапа 2 (ITT)
5. Краен пласман Етапна трка Џо Мартин

Наводи

Надворешни врски