Дунзум

Дунзум (германски: Dunsum; фериншки: Dunsem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Составена е од местата Грос и Клајн Дунзум.

Дунзум
Поглед на Дунзум
Поглед на Дунзум
Поглед на Дунзум
Дунзум во рамките на Германија
Дунзум
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругСеверна Фризија
Месна заед.Фер-Амрум
ГрадоначалникЕрк Хемзен
Основни податоци
Површина2,72 км2
Надм. височина0 м
Население67 (31 декември 2020)[1]
 - Густина25 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.NF
Пошт. бр.25938
Повик. бр.04683
Порталwww.dunsum.de
Местоположба на Дунзум во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати54°43′N 8°22′E / 54.717° СГШ; 8.367° ИГД / 54.717; 8.367

Географија и сообраќај

Од Дунзум постојат патеки низ блатата до соседниот остров Амрум при ниска плима. Амрум и Зилт може да се видат од тука.

Автобуските линии го поврзуваат Дунзум со другите села на островот и градот Вик на Фер.

Историја

Името означува „населба на Дун“.

Во XVII и XVIII век, китоловството била важна гранка на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Дунзум имал 147 жители, од кои 40 биле поморци.[2]

Како дел од Вестерланд Фер, Дунзум припаѓал на кралската енклава на Данска и така бил директен дел на данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија при Втората шлезвишка војна, Дунзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.

Наводи

Надворешни врски