Драгослав Шекуларац

Драгослав Шекуларац (Штип[2], 8 ноември 1937 - Белград, 5 јануари 2019[3]) — поранешен југословенски фудбалер. Истакнат играч на Црвена звезда од Белград. Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по Рајко Митиќ. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во везен ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.

Драгослав Шекуларац
Шекуларац во 2007
Лични податоци
Полно имеДрагослав Шекуларац
Роден на8 ноември 1937(1937-11-08)(86 г.)
Роден воШтип, Кралство Југославија
Починал на5 јануари 2019(2019-01-05) (возр. 81)
Починал воБелград, Србија
Висина&100000000000001710000001,71 м[1]
ПозицијаНапад
Младинска кариера
1951–1955Црвена Ѕвезда
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1955–1966Црвена Ѕвезда375(119)
1966–1967Карлсруе17(2)
1967Сент Луис Старс8(1)
1968–1969ОФК Белград38(5)
1969–1971Инд. Санта Фе32(3)
1972Атлетико Бакараманга4(1)
1973Миљонариос23(1)
1974Америка де Кали7(0)
1975Париз9(2)
1975Србијан Вајт Иглс
Репрезентација
1954–1956Југославија 208(2)
1955–1956Југославија под 212(0)
1956–1966Југославија41(6)
Тренер на екипи
1975Србијан Вајт Иглс (играч-тренер)
1984–1985Гватамала
1986–1987Footscray JUST
1989–1990Црвена Ѕвезда
1990–1991Америка
1992Ал Наср Ријад
1993Хајделберг Јунајтед
1994–1995Марбеља
1996Бусан Даеву Ројалс
1998–1999Обилиќ Белград
2006Србијан Вајт Иглс
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Животопис

Играчка каријера

Драгослав Шекуларац основното училиште, четири години гимназија, како и метеореолошко училиште ги завршил во Белград. Меѓутоа, училиштето не му било приоритет бидејќи фудбалот станала негова најважна преокупација. Кога Димитрије Милојевиќ, некогашниот фудбалер на БАСК-а, тренер и печатарски работник на Политика (весник), го забележал во дворот на Втората машка гимназија , веднаш му станало јасно за каков талент се работи.

Наводи