Тетовски дијалект

(Пренасочено од Долнополошки дијалект)

Тетовски дијалект[1] (познат и како: долнополошки; месно познат како: тетосќи) — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Тетовскиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Брвеница и општина Јегуновце (без селата Вратница, Беловиште, Старо Село и Рогачево кои го говорат вратничкиот дијалект). Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множинска наставка.[2]

Тетовскиот дијалект на картата на македонските дијалекти
Оглас испишан на тетовски, но со латинично писмо

Фонолошки одлики

  • старото самогласно л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза;
  • употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
  • употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
  • употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут[3]

Морфолошки одлики

  • употреба на наставката -мо за прво лице множина: одиме > идемо
  • непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
  • согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
  • употреба на предлогот у: во град > у град[3]

Наводи

Надворешни врски