Диоклецијан

Диоклецијан (латински:Gaius Aurelius Valerius Diocletianus[2], Diocletianus) бил римски цар. Познат и како Гаj Аврелиj Валериj Диоклецијан. Со Римското Царство управувал од 285 до 316 година. Современата историографија го смета царувањето му за крај на т.н. војнички цари и почеток на доцната антика. Својот пријател Максимијан го поставил за соцар, давајќи му задача за управување со западниот дел од царството. По големата победа во Сирија, во 293 година исто така со свој соцар го поставил и Галериј. Од своја страна Максимијан за свој совладетел го поставил Констанциј I Хлор.

Диоклецијан
Роден22 декември 242–245[1]
Далмација, денешна Хрватска
Починал316
Салина, денешна Хрватска

Така, управувањето со царството било разделено, и тоа:

Како цар го наследил Карин[3] и бил најголемиот прогонувач на христијаните од 303 година. Најпозната жртва од неговиот прогон бил бискупот Свети Дуј. Во негово време, сенатот во Рим го изгубил своето значење. Диоклецијан се прогласил за син на Јупитер, и барал сите да го почитуваат како жив Бог. Така во Римското Царство започнал периодот на Доминат, а завршил оној на Принципат. Во 316 година се отрул.

Наводи