Димитар Бербатов

бугарски фудбалер

Димитар Иванов Бербатов (роден на 30 јануари 1981 година) — поранешен бугарски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Димитар Бербатов
Лични податоци
Роден на30 јануари 1981(1981-01-30)(43 г.)
Роден воГорна Џумаја, Бугарија
ДржаваБугарија Бугарија
Висина&100000000000001890000001,89 м
Играчки податоци
Позицијанапаѓач
Повлекување19 септември 2019 (38 г.)[1]
Младинска кариера
Пирин Благоевград Пирин Благоевград
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1998–2001ЦСКА Софија ЦСКА Софија49(26)
2001Баер Леверкузен II Баер Леверкузен II7(6)
2001-2006Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен154(69)
2006-2008Тотенхем Тотенхем70(27)
2008-2012Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед108(48)
2012-2014Фулам Фулам51(19)
2014-2015Монако Монако29(12)
2015-2016ПАОК ПАОК17(4)
2017-2018Керала Бластерс Керала Бластерс9(1)
Репрезентација
1999-2010Бугарија Бугарија78(48)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Додека настапувал во Англија го добил прекарот Берба, по кој е општо познат.

Тој бил капитен на бугарската репрезентација од 2006 до 2010 година, и е нејзин водечки стрелец на сите времиња. Тој ја има освоено и наградата Бугарски фудбалер на годината рекордни седум пати, надминувајќи го бројот на победи на легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Клупска кариера

Роден е во Горна Џумаја (Благоевград) а кариерата ја започнал во клубот од родниот град, екипата на ФК Пирин, пред да потпише за ЦСКА Софија како 17-годишен во 1998 година. Во јануари 2001 година, тој потпишал за германскиот Бундеслигаш, Баер Леверкузен со кој играл во своето прво финале на Лигата на шампионите, 18 месеци подоцна. Во тој натпревар Бербатов влегол како замена, но не успеал да му помогне на својот тим да избегне пораз со 2-1 од Реал Мадрид. По пет и пол години во Леверкузен, тој му се приклучи на англискиот клуб Тотенхем во 2006 година во месец јули, каде што помина две години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој играл во своето второ финале на Лигата на шампионите во 2009 година, но таму пак неговиот тим загуби со 2-0 од Барселона.

Во ноември 2010 година, Бербатов станал првиот не-Англичанец во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне пет гола на еден натпревар, откако тоа му пошло од рака во победата со 7-1 на неговиот Манчестер Јунајтед над Блекбурн Роверс.

Репрезентативна кариера

Бербатов го направи своето деби за Бугарија на 17 ноември 1999 година, на возраст од 18 години, кога тој влезе како замена за Александар Александров во пријателскиот меч против Грција што тие го загубија со 1-0. Тој го постигна својот прв гол за својата земја на 12 февруари 2000 година во друг пријателски пораз, овојпат со 3-2 од Чиле. Својот прв хет-трик (за својата селекција) го постигна во победата од 6-2 на домашен терен во квалификациите за Светското Првенство 2010 против Грузија во октомври 2009 година.

Титули

ЦСКА Софија

  • Куп на Бугарија: 1998/99

Баер Леверкузен

Тотенхем

Манчестер Јунајтед

Наводи

Надворешни врски