Димитар Башевски

Димитар Башевскимакедонски романописец, поет и преведувач.[1]

Животопис

Димитар Башевски е роден во село Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1969 година. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Член е на Македонскиот ПЕН центар и бил негов претседател од 2000 до 2006 година.[2]

Дела

Башевски е автор на следниве дела:

  • Туѓинец (роман, 1969)
  • Враќање (роман, 1972)
  • Раска (роман, 1974)
  • Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980)
  • Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985)
  • Куќата на животот (поезија, 1987)
  • Сарајановскиот каранфил (роман, 1990)
  • Дневникот на Ања (роман за деца, 1994)
  • Привремен престој (поезија, 1995)
  • Совладано време (поезија, 1998)
  • Бунар (роман, 2001)
  • Аголен камен (поезија, 2005)
  • Братот (роман 2007)
  • Во дланката своја си гледам (поезија, 2010)
  • Прозорци (роман, 2010)
  • Белег. Сон (поезија, избор, 2012)
  • Прозорци, нова верзија (роман, 2013)
  • Мајсторот (раскази, 2013)
  • Скршнувања (поезија, 2016)
  • Круг (роман, 2017)
  • Избрани дела (во шест тома, 2019)
  • Писма од карантин (есеи, 2021)
  • Дни, години (поезија, 2023)[3]

Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски, албански и бугарски. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4] Преведува од англиски и од словенските јазици.

Награди и признанија

Добитник е на наградите:

Наводи

Надворешни врски