Дејвид Нуџент

Дејвид Џејмс Нуџент (роден на 2 мај 1985) — англиски фудбалер, напаѓач на Дерби Каунти.

Дејвид Нуџент
Лични податоци
Полно имеДејвид Џејмс Нуџент[1]
Роден на2 мај 1985(1985-05-02)(39 г.)[1]
Роден воХајтон, Англија
ДржаваАнглија Англија
Висина&100000000000001800000001,80 м[2]
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубДарби Каунти Дарби Каунти
Број28
Младинска кариера
Ливерпул Ливерпул
Бери Бери
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2002-2005Бери Бери88(18)
2005-2007Престон Престон94(33)
2007-2011Портсмут Портсмут78(16)
2009-2010Барнли Барнли30(6)
2011-2015Лестер Сити Лестер Сити159(54)
2015-2017Мидлсбро Мидлсбро42(8)
2017-Дарби Каунти Дарби Каунти73(17)
Репрезентација
2005-2007Англија Англија 2114(4)
2007 Англија1(1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера

Рана кариера

Роден во Хајтон, Мерсисајд, Нуџент бил член на младинската школа на Ливерпул но ја напуштил во 2001 година, на возраст од 15, бидејќи не му бил понуден професионален договор. Потоа тој и се приклучил на екипата на Бери каде станал професионалец. Откако го направил своето деби влегувајќи како замена против Порт Веил во март 2002 година на возраст од само 16 години, Нуџент првично се борел да го искаже сиот потенцијал кој го имал во раните години од кариерата, но експлозивниот почеток на сезоната 2004-05 му донел интерес од неколку поголеми клубови.

Престон Норт Енд

Иако бил цел на Барнли, Нуџент одлучил да му се приклучат на Престон во јануари 2005 година за сума од 100,000 £ и се покажал себеси како повеќе од достоен за Чемпионшип лигата.

Тој постигнал 10 лигашки голови во 32 првенствени настапи во сезоната 2005-06, кога Престон го освоил четвртото место, губејќи од Лидс Јунајтед во полуфиналето од плејофот, со што неуспеале да изборат промоција. И покрај шпекулации за негов трансфер, Нуџент ја поминал и следната сезона во Престон, постигнувајќи 15 гола во 43 настапи. Престон завршил седми во сезоната 2006-07 и без шанси да се бори за промоција.

Нуџент го напуштил Престон во текот на летото на 2007 година.

Портсмут

Откако и двата клуба Сандерленд и Портсмут понудиле по 6.000.000 £ прифатени за играчот, Нуџент се одлучил да стане играч на Помпеј и бил претставен на прес-конференција заедно со Џон Утака на 11 јули 2007 година.[3] Сепак, само неколку недели подоцна следат гласини дека Дарби Каунти размислува да испрати понуда за Нуџент и дека тој ќе го напушти Портсмут во истиот трансфер прозорец во кој пристигна во клубот. Нуџент постигнал гол на своето деби во победата со 8-0 во пријателски натпревар против Њупорт. Во пост-натпревар прес-конференцијата по мечот од Лига купот, во кој тој го постигнал својот прв гол за клубот, менаџерот на Портсмут Хари Реднап јавно изјавил дека Нуџент ќе биде слободен да го напушти клубот ако пристигне задоволителна понуда која ќе им овозможи финансирање на трансфер на повеќе играчи. Сепак, Нуџент изјавил дека сака да остане во Портсмут.[4]

Можен договор за заем во Ипсвич Таун пропаднал во почетокот на март 2008 година, бидејќи Џим Магилтон, менаџерот на Ипсвич, се откажал бидејќи се сомневал во фитнес подготовката на Нуџент.[5]

Лестер Сити

Мидлсбро

Дарби Каунти

Надворешни врски

Наводи