Дејан Кулушевски

шведско-македонски фудбалер

Дејан Кулушевски (р. 25 април 2000 во Стокхолм) — шведски фудбалер од македонска народност, играч од средниот ред на Тотенхем на заем од Јувентус и на шведската репрезентација.[1]

Дејан Кулушевски
Лични податоци
Роден на25 април 2000(2000-04-25)(24 г.)
Роден воСтокхолм, Шведска
ДржаваШведска Шведска (од 2015)
Македонија Македонија (2015-2016)
Висина&100000000000001860000001,86 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубТотенхем Тотенхем
Број21
Младинска кариера
Бромапојкарна Бромапојкарна
Аталанта Аталанта
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2018-2020Аталанта Аталанта3(0)
2019-2020Парма Парма36(10)
2020-Јувентус Јувентус55(5)
2022-Тотенхем Тотенхем3(1)
Репрезентација
2015Шведска Шведска 152(0)
2015Македонија Македонија 162(3)
2016Шведска Шведска 169(3)
2016-2017Шведска Шведска 1711(3)
2018Шведска Шведска 197(1)
2019-Шведска Шведска 215(3)
2019-Шведска Шведска20(1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Технички одлики

Висок, физички силен и разновиден играч, способен да игра во неколку улоги во средниот ред и нападот како офанзивен играч од средниот ред, box-to-box, крило на двете стани од теренот, па дури и како централен играч од средниот ред, во улогата на „мецала“; сепак, неговата омилена позиција е како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачот.[2] Неговите главни квалитети се брзината, издржливост и способноста да го смени текот на акцијата или да обезбеди асистенции за соиграчите, благодарение на неговата визија и способноста за додавање. Тој исто така поседува добра техника, дриблинг, вештини и добар удар, што му овозможува да постигнува голови, покрај тоа што создава шанси за соиграчите.[3][4][5]

Клупска кариера

Бромапојкарна

Роден во Стокхолм, Кулушевски ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Бромапојкарна, во која успешно настапувал во најдобрата младинска лига на Шведска.[6]

Аталанта

2015-2018: младински години

Во август 2015, Кулушевски потпишал договор со италијанската Аталанта.[6] Во првата сезона играл за тимот на Аталанта под 17 години,[6] а веќе во втората на возраст од само 16 години дебитирал за Примавера тимот во поразот со 2-1 на гостувањето кај Фрозиноне на 21 јануари 2017.[7] Во сезоната 2017-2018 тој бил стандарден во Примавера тимот на Аталанта забележувајќи 26 настапи на кој постигнал 5 гола и имал уште 10 асистенции. Како резултат на добрите игри за Примавера тимот, во април 2018 тренерот на првиот тим на Ла Деа Џан Пјеро Гасперини го повикал Кулушевски во првиот тим за натпреварот против Беневенто во Серија А, но сепак не добил можност да дебитира и останал неискористена замена. До крајот на сезоната тој уште трипати бил повикан во првиот тим и сите три натпревари ги започнал и ги завршил на клупата за резерви без да забележи ниту еден настап.

2018-2019: деби за првиот тим и титулата во Примавера

Во ноември 2018 година, Кулушевски го продолжил договорот со Аталанта до 2023 година.[8] Своето деби во Серија А, Кулушевски го направил на 20 јануари 2019, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Мартен Де Рон во 71-вата минута при победата со 5-0 на гостувањето кај Фрозиноне.[9][10] Натпреварот го завршил со 100% точни додавања 14 од 14.[9]

Следниот месец тој забележал уште два настапи, повторно влегувајќи од клупата за резерви, во поразите на неговиот тим од Милан (1-3) и Торино 2-0, завршувајќи ја сезоната со 3 настапи без гол.

Во меѓувреме покрај за првиот тим тој настапувал и за Примавера, давајќи огромен придонес за освојувањето на првенството. Во полуфиналето против Торино, тој асистирал за првиот гол, а потоа бил стрелец на вториот за Ла Деа во победата со 4-3 по продолженија. Конечно, тој му асистирал на Ебрима Коли во 84-тата минута за победеносниот гол во финалето против Интер (добиено со 1-0) со кој Аталанта триумфирала во Кампионато Примавера за прв пат после 21 година.[11]

2019-2020: заемот кај Парма

На 18 јули 2019 година, Кулушевски се преселил во Парма, друг клуб од Серија А, на позајмица до крајот на сезоната со цел да добие повеќе простор за игра.[12] Дебитирал за млекарите на 17 август во победата со 3-1 над Венеција во Купот на Италија, а седум дена подоцна дебитирал и во првенството во поразот (0-1) на домашен терен од Јувентус. И покрај тоа што Кулушевски се соочувал со својата прва, вистинска сезона како професионалец, тој веднаш се етаблирал во почетниот состав на тренерот Роберто Д’Аверса и наскоро ги покажува своите квалитети.[13] Својот прв гол во Серија А го постигнал на 30 септември во натпреварот Парма-Торино (3-2).[14] На 14 декември 2019 година, Кулушевски го постигнал својот четврти гол во лигата, против Наполи; тој станал најмладиот играч во петте најсилни лиги во Европа што постигнал повеќе од три гола до тој момент.[15] Тој исто така бил еден од само двајцата играчи родени по 1 јануари 1999 година, заедно со Џејдон Санчо, кој направил најмалку седум асистенции во најдобрите пет европски лиги.[15]

Откако бил прогласен за откритие на првиот дел од првенството,[16] во јануари 2020 година, актуелниот шампион на Италија и водач на табелата во сезоната Јувентус, го купил Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра (плус бонуси); во исто време оставајќи го играчот на позајмица во Парма до крајот на сезоната.[17] На 25 јули 2020, постигнал прекрасен гол - негов деветти за сезоната - со прецизен дијагонален удар во далечниот агол со кој и донел победа на Парма на гостувањето кај Бреша. Својот десетти и последен гол за сезоната го постигнал против својот сега веќе поранешен клуб, Аталанта, во поразот на Тардини со 1-2 три дена подоцна.

Сезоната во Парма ја завршил со 10 гола и 9 асистенции[13] и бил избран за најдобар млад играч во првенството.[18]

Јувентус

Во август 2020, Кулушевски му се приклучил на Јувентус во подготовките за сезоната 2020-2021. Своето деби за Јувентус го направил на 20 септември 2020, во победата со 3-0 на домашен терен против Сампдорија; во истиот тој натпревар го постигнал и првиот гол за бјанконерите по само 13 минути игра.[19] Точно еден месец подоцна, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во победата со 2-0 против Динамо Киев.[20] На 20 јануари 2021 година, тој го освоил својот прв трофеј како професионален фудбалер, играјќи како стартер во натпреварот од Суперкупот на Италија во кој бјанконерите преовладуваат со 2-0 над Наполи.[21] По добриот почеток на сезоната,[22] во продолжение доаѓа до пад во формата и послаби перформанси во неговите настапи што води до тоа почесто да биде на клупата.[23][24] Сепак на 19 мај, тој бил голем протагонист при победата во финалето на Купот на Италија против неговиот поранешен клуб Аталанта; откако го отворил резултатот во првото полувреме носејќи му предност на својот тим, тој потоа му асистирал на Федерико Кјеза за победничкиот гол за 2-1 благодарение на кој Јувентус го подигнал трофејот.[25]

На почетокот на следната сезона, на 20 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, и тој се покажал решавачки за победата на Јувентус со 1-0 над Зенит Санкт Петербург.[26]

Тотенхем

На 31 јануари 2022, Кулушевски станал играч на Тотенхем, приклучувајќи му се на лондонскиот клуб на 18-месечна позајмица. Договорот бил вреден 10 милиони евра, кои Тотенхем ги платил за позајмицата, а во него исто така била вклучена и опција за откуп за дополнителни 35 милиони евра.[27] Своето деби за Спарс го направил на 5 февруари 2022, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Лукас Моура во победата со 3-1 на домашен терен над Брајтон во четвртата рунда на ФА купот.[28] Четири дена подоцна, дебитирал во Премиер лигата, повторно заменувајќи го Моура во второто полувреме од поразот на домашен терен од Саутхемптон со 2-3. Својот прв погодок во дресот на Тотенхем го постигнал на 19 февруари, за време на гостинската победа со 2-3 кај лидерот во првенството во тој момент, Манчестер Сити. Седум дена подоцна, тој одново погодил за Тотенхем во победата со 4-0 на гостувањето кај Лидс Јунајтед.

Репрезентативна кариера

Поради потеклото на неговите родители Кулушевски има право да настапува за две репрезентации, Шведска и Македонија, и тој играл за двете во младинските категории.

Откако во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија под 16 години, во летото 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот да ја избере репрезентацијата на потекло на неговите родители нудејќи му на Кулушевски место во сениорската репрезентација. Сепак, тој одлучил да каже "не", поради тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.

Во ноември 2019 година, бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација на Шведска за квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 против Романија и Фарски Острови.[29] Своето деби го направил на 18 ноември, влегувајќи како замена на местото на Кен Сема, во победата со 3-0 над Фарските Острови.[30]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
18-11-2019СолнаШведска 3 – 0  Фарски ОстровиКвал. за Евро 2020-  65'
5-9-2020СолнаШведска 0 – 1  ФранцијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 -  70'
8-9-2020СолнаШведска 0 – 2  ПортугалијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 -  90'
ВкупноНастапи3Голови0

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 22 јануари 2019.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2018-2019 АталантаА30КИ00ЛЕ-----30
2019-2020 ПармаА3610КИ30------3910
2020-2021 ЈувентусА354КИ53ЛШ60СИ10477
2021-јан. 2022А201КИ10ЛШ51СИ10272
Вкупно Јувентус5556311120749
јан.-јун. 2022 ТотенхемПЛ31ФАКуп+ЛК1+00ЛК00---41
Вкупно во кариерата97161031112012020

Титули

Клупски

Аталанта

  • Кампионато Примавера : 1
2018-2019

Јувентус

2020-2021
2020

Поединечни

  • Серија А награди: 1
Најдобар млад играч: 2019-2020

Наводи

Надворешни врски