Дениз Ајтекин

Дениз Ајтекин (турски: Deniz Aytekin; р. 21 јули 1978 во Нирнберг) — германски фудбалски судија со турско потекло којшто живее и работи во Оберасбах, Баварија.[2] Тој е судија на ТСВ Алтенберг од фудбалскиот сојуз на Баварија. Исто така тој е судија под знакот на ФИФА и е рангиран во групата на елитни судии на УЕФА.

Дениз Ајтекин
Ајтекин во 2015 година
Роден21 јули 1978(1978-07-21)(45 г.)
Нирнберг,  Германија[1]
Домашна
ГодиниЛигаУлога
2004–DFBсудија
2006–2. Бундеслигасудија
2008–Бундеслигасудија
Меѓународна
ГодиниЛигаУлога
2011–ФИФАсудија

Судиска кариера

Ајтекин го судел својот прв натпревар во Бундес лигата на 27 септември 2008 година на натпреварот помеѓу Херта Берлин и ФК Енерџи Котбус во Берлин. Енерџи Котбус победи со 1–0, а Ајтакин додели 4 жолти картони, вклучувајќи го и жолтиот картон на голманот Герхард Тремел за задржување на време во 90-тата минута од натпреварот.

Приватен живот

Ајтакин живее во Оберасбах, Баварија и е интернет претприемач.

Наводи

Надворешни врски