Демостен

Демостен (стр.грчки: Δημοσθένης; 384 г.пр.не-332 г. пр.не) e најславниот говорник и државник во Стара Атина.

Демостен
Биста на Демостен (Лувр, Париз, Франција)
Роден(а)384 BC
Атина
Починал(а)322 BC
Островот Калаурија (денес Порос)

Животопис

Демостен учествувал во Битката кај Херонеја, во 338 година п.н.е. Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека Демостен бил слаб војник и дека, по советот на Архилох, побегнал од битката штом го здогледал непријателот.[1] Исто така, големиот говорник Есхин го обвинил Демостен дека не го заслужил златниот венец што го добил по Битката кај Херонеја, зашто побегнал од битката.[2]

Говори

Демостен бил лотограф, писател на говори. Притоа, неговиот стил се одликувал со голема сила, едноставност и концизност.[3]

Еден од неговите најпрочуени говори е Третиот говор (Филипики) против Филип Втори Македонски во кој ја искажува големата омраза кон власта на Филип Втори Македонски и продорот на македонската војска во хеленските колонии во рамките на Македонското Кралство.[4] Во „филипиките“, Демостен зборува дека Филип утврдувал градови во областа Линкестида. Тој вели дека „Филип не е ниту Хелен, ниту има нешто со Хелените, не е ниту варварин, туку е од чумата македонска, од која човек ни роб не би купил“.[5]

На статуа, подигната во Атина во негова чест, е испишан натиписот: „Да беше твојата сила Демостене еднаква на твојата мудра цел, никогаш Грците не ќе беа управувани од македонскиот јарец.“ Статуата била изработена од бронза од страна на Полиектус, а била подигната во 280-279 г.п.е., по предлог на Демокарес, внук на Демостен.[6]

Наводи

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Надворешни врски