Дани Алвес

(Пренасочено од Дани Алвеш)

Даниел Алвес да Силва, попознат само како Дани Алвес (роден на 6 мај 1983 година, во Жуaзeиро) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Париз Сен Жермен и на бразилската репрезентација.

Дани Алвес
Лични податоци
Полно имеДаниел Алвес да Силва[1]
Роден на6 мај 1983(1983-05-06)(41 г.)[2]
Роден воЖуазеиро, Бразил
ДржаваБразил Бразил
Висина&100000000000001720000001,72 м[2]
Позицијадесен бек
Клупски податоци
Сегашен клубБарселона Барселона
Број8
Младинска кариера
Баија Баија
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2001-2002Баија Баија25(2)
2002-2008Севиља Севиља175(11)
2008-2016Барселона Барселона247(14)
2016-2017Јувентус Јувентус19(2)
2017-2019Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен48(2)
2019-2021Саун Пауло Саун Пауло76(8)
2021-Барселона Барселона6(1)
Репрезентација
2003Бразил Бразил 207(0)
2006-Бразил Бразил121(8)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Животопис

Алвес е роден во Жуазеиро, град во бразилската држава Баија. Неговиот татко Домингос Алвес да Силва е фармер и исто така голем љубител на фудбалот, па дури успеал во градот да организира и фудбалски клуб во кој Дани ја започнал својата кариера на возраст од десет години. Во почетокот Алвес играл како крило, но поради недостатокот на постигнати голови, неговиот татко го ре-позиционирал како десен бек, позиција на која сè уште игра и денес.

Алвес не е женет, а во моментов е во врска со шпанскиот модел Хоана Санс.

Технички одлики

Покрај тоа што нема некоја импозантна фигура поседува значителна сила а меѓу неговите одлики се издвојуваат отпорноста, брзината, и, исто така, значителните технички квалитети за неговата позиција. Опремен е со добар центаршут, удар од далечина и способноста за пробивање на противничката одбрана. Алвес многу често учествува во акциите во нападот на својте екипи.[3]

Клупска кариера

Баија

Алвес израснал играјќи фудбал во екипата на Баија, а своето деби за првиот тим го направил во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2001 против Парана. Во овој натпревар, Баија победила со 3-0, а тој направил две асистенција и бил фаулиран за пенал кај последниот гол. По ова, тренерот Еваристо де Маседо го утврдил во почетниот состав на тимот. Во средината на 2002 година, тој се преселил во Севиља на позајмица.[4]

Севиља

Во летото 2002 Алвес заминал на заем од една сезона во шпанската Севиља со право на постојан откуп. Своето деби во шпанското првенство го направил на 23 февруари 2003, влегувајќи во 77-мата минута во победата со 1-0 над Еспањол на домашен терен. Сезоната 2002-2003 ја завршил со 10 настапи за првиот тим во Примера Дивисион.

После сезоната 2002-2003 на заем во Севиља, Алвес отпатувал на Светското првенство за млади играчи (под 20 години) каде одиграл одлично и неговата репрезентација го освоила тој турнир. Набрзо после тоа Севиља целосно го откупила договорот на играчот за 550.000 евра. Во сезоната 2003-2004 се утврдил како стартер на позицијата десен бек и од тој момент играл редовно во почетната постава на Андалусијците. Својот прв погодок во дресот на Севиља го постигнал на 11 септември 2003, во изненадувачката победа со 4-1 над Реал Мадрид на домашен терен.

По неколку одлични сезони во Севиља, во јуни 2006 Алвес добил понуда од Ливерпул и Севиља се согласила да го продаде играчот меѓутоа клубовите неуспеале да се договорат околу сумата бидејќи шпаниците барале обесштетување од 8 милиони евра. Откако останал во клубот за сезоната 2006-2007, во декември истата година го продолжил договорот до 2012 година.

Вкупно за Севиља Алвес одиграл 249 натпревари и постигнал 16 гола; со клубот освоил два Купа на УЕФА, еден Суперкуп на Европа, еден Куп на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија.

Барселона

Дани Алвес во двобој со Витали Калешин во натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Рубин Казањ

На 2 јули 2008, Барселона го купила бразилскиот дефанзивец за сума од 32 милиона евра плус разни бонуси врз основа на резултати кој би можеле да доведат до пораст на трансфер сумата до 40 милиони евра.[5] На 1 јули 2008 ја имал неговата проштална прес-конференција во Севиља, во која со солзи во очите се заблагодарил на сите во клубот кој му го овозможиле овој трансфер и рекол дека би сакал повторно да игра за Севиља.[6] Дебитирал во дресот на Барселона на 13 август 2008, против Висла Краков во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.[7] Своето деби во шпанската лигата за Блауграна го имал во првото коло од сезоната 2008-2009 против Нумансија на 31 август 2008, во поразот со 1-0 на гости.[8] Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 25 октомври истата година, во победата со 5-0 над Алмерија на домашен терен. На 13 мај, тој го освоил својот втор трофеј во Кралскиот куп на Шпанија, а три дена подоцна математички ја освоил својата прва титула во лигашките натпреварувања, благодарение на поразот на Реал Мадрид на гости кај Вилјареал.[9] На крајот на неговата прва сезона во клубот, на 27 мај, Барселона станала европски шампион благодарение на победата над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите на Стадионот Олимпико во Рим; Дани Алвес не играл во финалето поради жолти картони.

Дани Алвес на Светското клупско првенство во 2009.

На почетокот на сезоната 2009-2010 Алвес со Барселона ги освоил Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао и Европскиот Суперкуп против Шахтар Донецк.На 19 декември 2009 го освоил Светско клупско првенство за Естудијантес; оваа победа му овозможила на каталонскиот клуб да стане првиот и единствен во историјата на фудбалот кој ги освоил сите шест трофеи, односно кој победил во сите шест конкуренции во кој играле во текот на календарската година.[10] Сезоната ја завршил освојувајќи ја својата втора титула едноподруго во шпанската Примера Дивисион.[11]

Својата трета сезона во Барса ја започнал со освојување на Суперкупот на Шпанија со победа над неговиот поранешен клуб Севиља.[12] На 22 март 2011 го продолжил својот договор со Блауграна во трајнсот до 2015.[13] На крајот на оваа сезона, Барселона уште еднаш триумфирала во Лигата на шампионите, а Дани Алвес со своите перформанси обилно придонел за освојувањето на својата втора титула во најелитното клупско фудаблско натпреварување во Европа; во финалето го совладале Манчестер Јунајтед (како и пред две години).

На 17 август 2011 година, го освоил својот четврти наслов во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид.[14] На 25 јануари 2012 во натпреварот од Купот на Шпанија против Реал Мадрид постигнал гол за водство од 2-0 за Барселона, погодок, која му овозможил на неговиот тим да се квалификува за полуфиналето.[15]

На 29 септември 2015 го одиграл својот 350-ти натпревар во дресот на Барселона во победата со 2-1 над Баер Леверкузен во групната фаза од Лигата на шампионите.[16]

Јувентус

На 27 јуни 2016, Алвес потпишал двегодишен договор со Јувентус, со опција за продолжување на уште една година. Своето официјално деби за Јувентус го направил на 20 август, во победата на домашен терен со 2-1 над Фјорентина во Серија А.[17]

ПСЖ

На 12 јули 2017, Алвес со слободен трансфер му се приклучил на Париз Сен Жермен потпишувајќи двегодишен договор со францускиот клуб.[18]

Титули

Баија

  • Кампеонато Бајано (1) : 2001
  • Кампеонато Нордесте (2) : 2001, 2002

Севиља

Барселона

Јувентус

Наводи

Надворешни врски