Данго Уатара

Данго Абубакар Фаисал Уатара (роден на 11 февруари 2002, во Уагадугу) — е фудбалер од Буркина Фасо, крило или напаѓач на Борнмут и на репрезентацијата на Буркина Фасо.

Данго Уатара
Лични податоци
Полно имеДанго Абубакар Фаисал Уатара[1]
Роден на11 февруари 2002(2002-02-11)(22 г.)
Роден воУагадугу, Буркина Фасо
ДржаваБуркина Фасо Буркина Фасо
Висина&100000000000001810000001,81 м
Позицијакрило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубБорнмут Борнмут
Број11
Младинска кариера
Маџестик
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2019–2020 Маџестик11(5)
2020–2021 Лорјан Б5(1)
2021–2023Лорјан Лорјан43(7)
2023–Борнмут Борнмут20(1)
Репрезентација
2021-Буркина Фасо Буркина Фасо19(7)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера

Лорјан

Уатара ја започнал својата кариера во својата родна Буркина Фасо како младински производ на екипата Маџестик, пред да потпише за францускиот Лорјан во 2020 година.[2]

Откако најпрво настапувал за вториот тим на Лорјан во четвртото ниво на францускиот фудбал, своето деби за првиот тим го направил на почетокот на сезоната 2021-2022, појавувајќи се како доцна замена во судиското надополнување од натпреварот Сент Етјен-Лорјан (1-1) во рамките на првото коло на Лига 1, одигран на 8 август 2021.[3] Својот прв гол за Лорјан го постигнал во победата со 1-0 на домашен терен над Мец на 20 април 2022. Тоа бил неговиот единствен погодок за Лорјан во 26 настапи во неговата прва сезона со првиот тим на Лорјан.

Борнмут

На 19 јануари 2023 година, Уатара се преселил во англискиот клуб Борнмут, со кој потпишал договор до 2028 година.[4] Дебитирал во Премиер лигата на 21 јануари, во натпреварот на домашен терен против Нотингем Форест што завршил без победник 1-1. Својот прв гол за „црешите“ го постигнал на 15 април, и тоа победничкиот во 95-тата минута при успехот со 3–2 на гостувањето против Тотенхем.[5]

Репрезентативна кариера

Уатара дебитирал за репрезентацијата на Буркина Фасо на 30 декември 2021, во пријателски натпревар против Мавританија во склоп на подготовките за Африканскиот куп на нации 2021 кој се одржал во Камерун во јануари 2022 година. Откако бил повикан да ја претставува својата земја на споменатиот турнир, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 1-0 во четвртфиналето против Тунис; неговиот погодок бил одлучувачки за пласманот на Буркина Фасо во полуфиналето, но во 82-рата минута од четвртфиналето тој добил директен црвен картон поради кој бил суспендиран за натпреварот од полуфиналето против Египет. Без Уатара Буркина Фасо го загубиле тој натпревар, како и натпреварот за третото место.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Буркина Фасо
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
30-12-2021Абу ДабиМавританија 0 – 0  Буркина ФасоПријателска-  45'
2-1-2022ДубаиБуркина Фасо 3 – 0  ГабонПријателска-
17-1-2022БафусамБуркина Фасо 1 – 1  ЕтиопијаАФКОН 2021 - Прва фаза-  63'
23-1-2022ЛимбеБуркина Фасо 1 – 1
(8 - 7 пен.)
 ГабонАФКОН 2021 - Осминафинале-  89'
29-1-2022ГаруаБуркина Фасо 1 – 0  ТунисАФКОН 2021 - Четвртфинале1  82'
24-3-2022ПриштинаКосово 5 – 0  Буркина ФасоПријателска-
29-3-2022АндерлехтБелгија 3 – 0  Буркина ФасоПријателска-  89'
3-6-2022МаракешБуркина Фасо 2 – 0  Зелен ’РтКвал. за АФКОН 20231
7-6-2022ЈоханесбургЕсватини 1 – 3  Буркина ФасоКвал. за АФКОН 20232
23-9-2022КазабланкаБуркина Фасо 1 – 0  ДР КонгоПријателска-
27-9-2022КазабланкаБуркина Фасо 2 – 1  КомориПријателска-  62'
19-11-2022УагадугуБуркина Фасо 2 – 1  Брег на Слоновата КоскаПријателска1 90'  90'
24-3-2023МаракешБуркина Фасо 1 – 0  ТогоКвал. за АФКОН 2023-
28-3-2023ЛомеТого 1 – 1  Буркина ФасоКвал. за АФКОН 20231  79'
18-6-2023ПрајаЗелен ’Рт 3 – 1  Буркина ФасоКвал. за АФКОН 2023-
13-10-2023МалабоЕкваторска Гвинеја 0 – 0  Буркина ФасоПријателска-
17-10-2023КазабланкаМавританија 1 – 2  Буркина ФасоПријателска-
17-11-2023МаракешБуркина Фасо 1 – 1  Гвинеја-БисаоКвал. за СП 2026-
21-11-2023Ел ЖадидаЕтиопија 0 – 3  Буркина ФасоКвал. за СП 20261 70'
23-1-2024ЈамусукроАнгола 2 – 0  Буркина ФасоАФКОН 2023 - Прва фаза-
ВкупноНастапи20Голови7

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 20 јануари 2023.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2021-2022 Лорјан БНПФ51------51
2021-2022 ЛорјанЛ1251КФ10----261
2022-јан. 2023Л1186КФ00----186
Вкупно Лорјан43710----447
јан.-јун. 2023 БорнмутПЛ191ФАКуп+ЛК0+00------191
2023-2024ПЛ130ФАКуп+ЛК0+10------140
Вкупно АФК Борнмут32110----331
Вкупно во кариерата75820----778

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
 Буркина Фасо202110
2022115
202372
Вкупно197

Наводи

Надворешни врски