Давиде Аполонио

италијански велосипедист

Давиде Аполонио (италијански: Davide Appollonio; р. 2 јуни 1989) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа ГВ Шимано-Сидермек. Моментално е суспендиран поради допинг.

Давиде Аполонио
Лични податоци
Цело имеДавиде Аполонио
ПрекарАпо Џет
Роден2 јуни 1989(1989-06-02)(35 г.)
Исернија, Италија
Висина1,70 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубсуспендиран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2009 Сервело ТестТим (стажант)
Професионални клубови
2010
2011–2012
2013–2014
2015
Сервело ТестТим
Тим Скај
Аг2р-Ла Мондијал
Андрони Џокатоли
Значајни победи
Трка околу Луксембург
1 етапа
Бодовен пласман
Последна промена
6 јуни 2017

Му се приклучил на Тим Скај за сезоната 2011,[1] остварувајќи ја првата победа за екипата на третата етапа на Трката околу Луксембург и потоа освојувањето на бодовниот пласман следниот ден. Аполонио го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аг2р-Ла Мондијал на двегодишен договор од сезоната 2013.[2] Во октомври 2014 година објавил дека во сезоната 2015 ќе вози за ГВ Шимано-Сидермек, првпат во некоја италијанска екипа во неговата кариера.[3]

На 30 јуни 2015 година му била пронајдена трага од ЕПО, две недели по завршувањето на Џиро д’Италија и бил привремено суспендиран.[4]

Достигнувања

2009
1. ГП Претола
1. Фиренца-Емполи
1. Копа Ланчото Балерини
1. Џиро Колине Капанореси
2010
1. Етапа 4 Тур ду Лимусен
2. ГП де Фурмие
2. Тур де Вандеја
2011
Трка околу Луксембург
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур ду Поату-Шарент
2013
5. Париз-Бурж
2014
2. Рома Максима
6. Шелдепрејс

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка201120122013201420152016
ЏироСО168СО123
Тур
Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски