Густав Свенсон

Густав Свенсон (роден на 7 февруари 1987 година во Гетеборг) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Сиетл Саундерс и на шведската репрезентација.

Густав Свенсон
Лични податоци
Полно имеКарл Густав Јохан Свенсон
Роден на7 февруари 1987(1987-02-07)(37 г.)
Роден воГетеборг, Шведска
ДржаваШведска Шведска
Висина&100000000000001830000001,83 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубСиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број4
Младинска кариера
Азалеа БК
Ле Кане-Рошевил
Гетеборг Гетеборг
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2005-2010Гетеборг Гетеборг101(8)
2010-2012Бурсаспор Бурсаспор25(0)
2012-2014Таврија Таврија21(0)
2014-2015Гетеборг Гетеборг52(1)
2016Гвангжу Р&Ф Гвангжу Р&Ф28(0)
2017-Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс57(4)
Репрезентација
2007-2009Шведска Шведска 2124(1)
2009-Шведска Шведска22(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера

Почетоци

Свенсон ја започнал фудбалската кариера во екипата на Азалеа БК, каде што неговиот татко бил тренер.[1] Во тој клуб играл до својата 13 година, кога се преселил со своето семејство во Франција и таму продолжил да игра фудбал за клубот Ле Кане-Рошевил. После шест месеци во Франција, семејството повторно се вратило во Шведска каде набргу потоа Свенсон се приклучил на младинските категории на Гетеборг.

Гетеборг

Своето деби за првиот тим на сино-белите го имал на 2 мај 2006, играјќи како стартер во победата со 2-1 во гости против ГАИС во шведското првенство. Својот прв погодок за клубот како професионален фудбалер го постигнал на 15 септември 2007, во ремито 2-2 против Елфсборг на домашен терен. Во 2007 година, исто така, Свенсон го освоил шведското првенство со Гетеборг, забележувајќи 22 настапи и еден гол во шампионската кампања на клубот. Истата година тој бил номиниран и за Откритие на сезоната во шведскиот фудбал, но ја загубил наградата од Јохан Оремо. Во периодот додека играл за Гетеборг од 2006 до 2010 година, Свенсон бил еден од најдобрите и најважните играчи на клубот.

Бурсаспор и Таврија Симферопол

На 1 септември 2010, тој потпишал тригодишен договор со тогашниот турски шампион Бурсаспор.[2] Дебитирал за новиот клуб во натпреварот од Лигата на шампионите Бурсаспор-Валенсија 0-4, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Иван Ергиќ во 78-мата минута.[3] Шест дена подоцна дебитирал во турското првенство, во победата со 3-0 над Газиантепспор играјќи го целиот натпревар. Првата сезона во Турција ја завршил со 25 настапи во сите натпреварувања без постигнат гол. А откако во следната добивал многу помалку можности за игра Свенсон ја напуштил Бурса во летото 2012.

На 7 јули 2012, Свенсон потпишал тригодишен договор со украинскиот клуб Таврија Симферопол.[4] Свенсон започнал добро во клубот, играјќи од почеток до крај во секој од првите 11 натпревари во првенството и 2 во купот по неговото доаѓање во клубот, меѓутоа на 16 февруари 2013 на тренинг се здобил со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната и бил надвор од фудбалските терени цели 184 дена.[5] Тој се вратил во акција кон крајот на август 2013 година и одиграл уште десет натпревари за Таврија, пред да го раскине договорот со клубот во март 2014 поради несигурната состојба во регионот заради војната во Крим.[6]

Враќање во Гетеборг и Гвангжу Р&Ф

На 23 март 2014, Свенсон се вратил во Гетеборг, клубот во којшто поникнал потпишувајќи четиригодишен договор.[7] Во својот втор престој во Гетеборг тој му помогнал на клубот да го освои Купот на Шведска, со победа од 2-1 над Еребро во финалето, во кое Свенсон ги одиграл комплетните 90 минути.[8]

На 14 јануари 2016, потпишал тригодишен договор со кинескиот клуб Гвангжу Р&Ф.[9] Дебитирал во Суперлигата на Кина на 4 март 2016, во поразот со 1-2 на домашен терен од Хебеј Чајна Фортјун. Во Гвагжу Р&Ф се задржал само една сезона, забележувајќи 28 настапи во првенството и 5 во ФА купот на Кина.

Сиетл Саундерс

Свенсон играјќи за Сиетл Саундерс во 2017.

На 30 јануари 2017, Свенсон му се приклучил на американскиот клуб Сиетл Саундерс кој се натпреварува во МЛС лигата.[10] Своето деби за Саундерс го направил во првиот натпревар од сезоната во МЛС лигата, играјќи на несвојствена позиција за него дотогаш како десен бек во поразот со 2–1 од Хјустон Дајнамо.[11] Својот прв гол за клубот во МЛС го постигнал на 20 јули 2017, во победата со 4-3 на домашен терен над Ди Си Јунајтед. Тој бил стандарден протимец на Сиетл во текот на регуларниот дел од сезоната забележувајќи 32 настапи и 1 гол и играјќи на различни позиции како десен бек, централен дефанзивец и дефанзивен играч за врска.

Откако Сиетл се пласирал во плејофот од МЛС купот, Свенсон продолжил редовно да игра и настапил во сите 5 натпревари на клубот, вклучувајќи го и финалето, притоа постигнувајќи еден гол во победата со 2-0 на гости против Хјустон во првиот натпревар од конференциското финале на западната конференција. Во финалето на МЛС купот одиграно на 9 декември 2017, Свенсон го одиграл целиот натпревар за Саундерс но не успеал да му помогне на клубот да ја одбрани титулата откако биле поразени со 2-0 од Торонто.[12][13]

Следната сезона тој одиграл 24 натпревари и постигнал 3 гола за Саундерс во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата, и два во плејофот од МЛС купот каде Сиетл бил елиминиран во конференциското полуфинале од Портланд Тимберс на пенали.

Гвагжу Сити

На 9 април 2021, Свенсон се вратил во кинеското првенство потпишувајќи договор со екипата на Гвангжу Сити.[14]

Репрезентативна кариера

Свенсон е поранешен репрезентативец на Шведска во селекцијата под 21 година за која во периодот од 2007-2009 година одиграл 21 натпревар и постигнал еден гол - против Белорусија со удар од повеќе од 30 метри на Европското првенство 2009 на кое Шведска била домаќин и стигнала до полуфиналето.

Своето деби во сениорската репрезентација го имал во 2009 година, во пријателскиот натпревар САД-Шведска 3-2 одигран во Карсон.

Во мај 2018 година, бил избран во составот на шведската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија.[15] Свенсон одиграл три натпревари на турнирот против Јужна Кореја и Мексико во групната фаза и против Швајцарија во осминафиналето, а Шведска стигнала до четвртфиналето каде биле елиминирани од Англија.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
23-1-2009КарсонСАД 3 – 2  ШведскаПријателска-
29-1-2009КарсонМексико 1 – 0  ШведскаПријателска-  87'
12-10-2015СолнаШведска 2 – 0  МолдавијаКвал. за Евро 2016-  57'
17-11-2015КопенхагенДанска 2 – 2  ШведскаКвал. за Евро 2016-  69'
6-1-2016Абу ДабиШведска 1 – 1  ЕстонијаПријателска-  61'
10-1-2016Абу ДабиШведска 3 – 0  ФинскаПријателска-  46'
3-9-2017БорисовБелорусија 0 – 4  ШведскаКвал. за СП 2018-  69'
10-10-2017АмстердамХоландија 2 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  68'
10-11-2017СолнаШведска 1 – 0  ИталијаКвал. за СП 2018-  83'
13-11-2017МиланоИталија 0 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  19'
24-3-2018СолнаШведска 1 – 2  ЧилеПријателска-
2-6-2018СолнаШведска 0 – 0  ДанскаПријателска-  46'
9-6-2018ГетеборгШведска 0 – 0  ПеруПријателска-  90+1'
18-6-2018Нижни НовгородШведска 1 – 0  Јужна КорејаСП 2018 - Прва фаза-  81'дет.
27-6-2018ЕкатеринбургМексико 0 – 3  ШведскаСП 2018 - Прва фаза-  57'дет.
3-7-2018Санкт ПетербургШведска 1 – 0  ШвајцаријаСП 2018 - Осминафинале-дет.
6-9-2018ПрагаАвстрија 2 – 0  ШведскаПријателска-  78'
11-10-2018КалининградРусија 0 – 0  ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
17-11-2018ЕскишехирТурција 0 – 1  ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-  81'
20-11-2018СолнаШведска 2 – 0  РусијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-  80'
23-3-2019СолнаШведска 2 – 1  РоманијаКвал. за Евро 2020-  67' 90+3'
26-3-2019ОслоНорвешка 3 – 3  ШведскаКвал. за Евро 2020-  66'
ВкупноНастапи22Голови0

Титули

Гетеборг

  • Алсвенскан (1) : 2007
  • Куп на Шведска (2) : 2008, 2015.
  • Суперкуп на Шведска (1) : 2008.

Наводи

Надворешни врски