Гугутка

Гугутка
Научна класификација
Царство:Animalia
Колено:Хордати
Класа:Птици
Ред:Columbiformes
Семејство:Columbidae
Род:Streptopelia
Вид:S. decaocto
Научен назив
Streptopelia decaocto
(Frivaldszky, 1838)
Streptopelia decaocto

Гугутка (науч. Streptopelia decaocto) е птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“, бидејќи на почетокот на XX век од Турција почнала да се населува во Европа.

Изглед

Гугутката е слична на дивата гугутка. Горните пердуви од крилата на гугутките се со светлосива до кафена боја. Долга е од 31 до 33 cm, што значи дека е голема колку и градскиот гулаб, но е полесна и изгледа многу понежно. Распонот на крилјата достигнува од 47 до 55 cm, а тешка е од 150 до 200 грама. Двата пола изгледаат исто. Црвените очи им имаат мал бел рамка. Впечатлива одлика им е црниот прстен во близина на почетокот на вратот. Се одгласува со трослоговни гугукања, со нагласок на вториот слог, како и голем број други птици од оваа фамилија.

Исхрана

Гугутките живеат во паркови и дворови, секогаш во близина на човечките населби. Не се многу плашливи. Се хранат со семки, житарки и овошје. Во зима понекогаш се собираат во јата и заедно бараат храна во парковите и селските имоти.

Размножување

Како и голем дел од голубарките, така и гугутките имаат скромно и слабо изградено гнездо. Во гнездата најчесто има едно до две јајца на кои лежи мајката, а младите излегуваат после 13 или 14 дена. Гугутките лежат повеќепати по ред затоа што имаат големи губитоци на јајцата и младенчињата.

Распространетост

Гугутката е распространета во Централна и Јужна Европа, а зимува во Северна Африка.

Гугутката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Гугуче гука по двори“ — македонска народна песна.[1]
  • „Гугучки“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[2]
  • „Не гука гугутката“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[3]
  • „Гугутки“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[4]

Наводи