Грљани

село во Општина Виница

Грљани — село во Општина Виница.

Грљани
Грљани во рамките на Македонија
Грљани
Местоположба на Грљани во Македонија
Грљани на карта

Карта

Координати 41°56′59″N 22°37′18″E / 41.94972° СГШ; 22.62167° ИГД / 41.94972; 22.62167
РегионИсточен Регион
ОпштинаВиница
Население114 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2314
Повик. бр.+38933
Шифра на КО05005
Надм. вис.857 м
Грљани на општинската карта

Атарот на Грљани во рамките на општината
Грљани на Ризницата

Географија и местоположба

Грљани е планинско село на надморска височина од 850 метри. Од градот е оддалечено 20 километри во источната страна на општината и граничи со Општина Делчево. Селото е од разбиен тип со повеќе населби.

Историја

Во 1913, во Балканската војна селото било стратешка точка, се воделе повеќе битки помеѓу Бугарија и Србија.[2]

Стопанство

Селото од 2009 се промовира како етно село, за привлекување туристи и спречување на пропад на селото. Преостанатото население се занимава со сточарство и земјоделие.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948580—    
1953685+18.1%
1961629−8.2%
1971593−5.7%
1981501−15.5%
ГодинаНас.±%
1991335−33.1%
1994326−2.7%
2002206−36.8%
2021114−44.7%

Според Бугарот К’нчов селото во 1900 година имало 444 жители христијани.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[4]

Во 1971 селото имало 592 житела, а во 1981, 501 жител. Во 1991, бројот на жители бил 335. Според пописот од 2002 селото имало 206 жители Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 101 Македонец и 13 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население444580685629593501335326206114
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Грљани е македонско село.

Родови во селото: Маринци (8 к.), Стојчевци (8 к.), Трајановци (7 к.), Петревци (7 к.), Ѕвездинци (6 к.), Спасевци (6 к.), Лесовци (6 к.), Шанѓевци (5 к.), Ковачевци (4 к.), Бељовци (4 к.), Тујукџии (4 к.), Чакалци (4 к.), Цветановци (3 к.), Мајсторовци (2 к.), Натинци (2 к.) и Балинци (4 к.) за наведените родови не се знае дали се староседелски, или пак доселени со непозната старина.[11]

Општествени установи

Во селото постоело основното училиште „Никола Парапунов“.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 316 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Цркви

Во средишниот дел на селото се наоѓа црквата Св. Димитриј.

Археолошки наоѓалишта[14]

Личности

  • Иванчо Ангелов, платен војник во Балканските војни, кој се борел на страна на Бугарија и добитник на бугарскиот орден за храброст.

Иселеништво

Галерија

Надворешни врски

Наводи