Гросефен

Гросефен (германски: Großefehn; долногермански: Grootfehn) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри југоисточно од окружниот град Аурих.

Гросефен
Канал во Вестгросефен
Канал во Вестгросефен
Канал во Вестгросефен
Грб на Гросефен
Гросефен во рамките на Германија
Гросефен
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругАурих
ГрадоначалникЕрвин Адамс (независен)
Основни податоци
Површина127,25 км2
Надм. височина5 м
Население14.126 (31 декември 2020)[1]
 - Густина111 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.AUR
Пошт. бр.26629
Повик. бр.04943-04946- 04945
Порталwww.grossefehn.de
Местоположба на Гросефен во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати53°23′0″N 7°35′0″E / 53.38333° СГШ; 7.58333° ИГД / 53.38333; 7.58333

Гросефен се состои од три села Ост-, Мите- и Вестгросефен. Административно седиште е селото Остгросефен.

Географија

Местоположба

Гросефен се наоѓа во северозападниот дел на Германија во областа Источна Фризија, во јужниот дел на округот Аурих. Со градот Аурих, општината се граничи непосредно. Други поголеми градов во близина се Емден на запад (околу 25 километри), како и Вилхелмсхафен.

Општината има површина од 127,25 квадратни километри, со што е на седмото место по површина од сите источнофризиски општини. Во рамки на округот Аурих, Гросефен е трета најголема опшштина по Аурих и Крумхерн.

Општината во просек се наоѓа на околу пет метри надморска височина.

Општински единици

Гросефен се состои од 14 единици.

  • Остгросефен (3.586 жит.)
  • Шпецерфен (1.810 жит.)
  • Штракхолт (1.498 жит.)
  • Аурих-Олдендорф (со Хоге Бринкен и Морлаге; 1.468 жит.)
  • Холтроп (1.448 жит.)
  • Митегросефен (1.054 жит.)
  • Тимел (926 жит.)
  • Акелсбарг (517 жит.)
  • Багбанд (361 жит.)
  • Вестгросефен (225 жит.)
  • Врисе (202 жит.)
  • Фелде (194 жит.)
  • Улбарген (193 жит.)
  • Фибинг (174 жит.)

Соседни општини

Гросефен се граничи на запад со општината Илов, на север со окружниот град Аурих (градските единици Ширум, Визенс и Брокцетел) и на исток е градот Висмор. Овие три општини се наоѓаат во округот Аурих. Југоисточно од Гросефен се наоѓа општината Упленген, а на југ се наоѓаат општините Фирел, Хезел и Нојкамперфен (сите во општинската заедница Хезел). Југозападно од Гросефен се наоѓа општината Мормерланд. Второспоменатите општини се наоѓаат во округот Лер.

Галерија

Наводи

Надворешни врски