Гросбрајтенбах

Гросбрајтенбах (германски: Großbreitenbach) — мал град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри југоисточно од градот Илменау. Местата Алтенфелд, Гросбрајтенбах и Нојштат на Ренштајг се признаени покраински одморалишта.

Гросбрајтенбах

Großbreitenbach

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Гросбрајтенбах
Гросбрајтенбах во рамките на Германија
Гросбрајтенбах
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругИлм
ГрадоначалникПетер Грим (WFE)
Основни податоци
Површина80,76 км2
Надм. височина630 м
Население6.104 (31 декември 2020)[1]
 - Густина76 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.IK
Пошт. бр.98701
Повик. бр.036781
Порталlg-grossbreitenbach.de
Местоположба на градот Гросбрајтенбах во рамките на округот Илм
Карта
Карта
Координати50°34′58″N 11°00′38″E / 50.58278° СГШ; 11.01056° ИГД / 50.58278; 11.01056

Поранешните општини Алтенфелд, Белен, Фридерсдорф, Гилерсдорф, Хершдорф, Нојштат на Ренштајг и Вилденшпринг се споиле во Гросбрајтенбах во јануари 2019 година.

Географија

Гросбрајтенбах се наоѓа на Тириншката Висорамнина, околу 50 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт и околу 15 километри југоисточно од градот Илменау помеѓу Лангер Берг на север, долината на Шварца на југоисток и Ренштајг на југозапад. Градското јадро се наоѓа на околу 600 метри надморска височина.

Најголема река во градското подрачје е Шварца, која ја образува југоисточната граница.

Највисока точка во градското подрачје е Гросе Драјхернштајн со 838 метри, со што врвот се наоѓа во соседната општина Шлојзегрунд. Највисока градска единица е Нојштат на Ренштајг на 785 метри. Најниска точка е во долината на Шварца кај Циркел на околу 380 метри.

Градски единици

Градот е составен од единиците Алерсдорф, Алтенфелд, Белен, Фридерсдорф, Гилерсдорф, Гросбрајтенбах, Хершдорф, Нојштат на Ренштајг (со малата населба Калерт), Вилденшпринг и Вилмерсдорф.

Соседни општини

Почнувајќи на север, па надесно, градот се граничи со Илменау, Кенигзе, Шварцатал, Кацхите, Масерберг и Шлојзегрунд.

Историја

Во рамки на административната реформа во Тирингија во 2018 и 2019 година, градот Гросбрајтенбах со уште седум други општини од општинската заедница Гросбрајтенбах биле споени. Новосоздадениот град настанал на 1 јануари 2019 година, а истовремено општинската заедница била распуштена.[2]

Политика

Градски совет

Првите избори на општинскиот совет и градоначалник на новосоздадениот град биле избрани на општинските избори на 26 мај 2019 година. До создавањето на новиот Градски совет, советот на новиот град бил предводен од 68 советници од осумте основачи (градот и седумте општини).[3]

Распределбата на местата на последните избори била следна:[4]

  • CDU/UL (Демохристијански сојуз на Германија/независна листа): 6 места со 20,9%
  • WFE (Ние за Вас): 6 места со 19,6%
  • UWG (Независна избирачка група): 4 места со 14,2%
  • GBB 2000 (Гросбрајтенбах 2000): 3 места со 10,4%
  • BGM (Граѓанска група): 3 места со 8,7%
  • IG (Интересна група Нојштат): 2 места со 7,8%
  • TEO (Транспарентно-Искрено-Отворено): 2 места со 7,5%
  • FWG (Freie Wählergemeinschaft Herschdorf): 2 места со 6,3%
  • ULBA/LG (Независен список Граѓани за Алтенфелд): 2 места со 4,6%

Градоначалник

До изборот на новиот градоначалник, новосоздадениот град го предводел Андреас Бајерсдорф. На изборите на 9 јуни 2019 година бил избран Петер Грим (WFE) со 65,8%.[5]

Наводи

Надворешни врски