Гревесмилен

Гревесмилен (германски: Grevesmühlen) — град во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставувал административно седиште на округот до административната реформа во 2011 година, кога кон округот се припоил градот Висмар, по што тој станал административно седиште на округот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Гревесмилен-Ланд, иако не претставува нејзин член. Се наоѓа на 33 километри источно од Либек и 29 километри северозападно од Шверин.

Гревесмилен
Градското собрание на Гревесмилен
Градското собрание на Гревесмилен
Градското собрание на Гревесмилен
Грб на Гревесмилен
Гревесмилен во рамките на Германија
Гревесмилен
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
ОкругСеверозападен Мекленбург
ГрадоначалникЈирген Диц
Основни податоци
Површина52,32 км2
Надм. височина40 м
Население10.439 (31 декември 2020)[1]
 - Густина200 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.NWM
Пошт. бр.23936
Повик. бр.03881
Порталwww.grevesmuehlen.de
Местоположба на градот Гревесмилен во рамките на округот Северозападен Мекленбург
Карта
Карта
Координати53°52′N 11°10′E / 53.867° СГШ; 11.167° ИГД / 53.867; 11.167

Градски единици

Кон градот Гревесмилен припаѓаат следниве единици: Барендорф, Битлинген, Драј Линден, Еверсторф, Хамберге, Дегтов, Ној Дегтов, Хојкендорф, Квестин, Зантов, Вотениц, Гренцхаузен и Појшов.

Историја

Името Гревесмилен потекнува од 1226 година, кога е за првпат споменат, што го прави еден од најстарите градови во Мекленбург-Западна Померанија.

Луѓе

  • Рудолф Карштат (1856-1944) — основач на истоимената стоковна куќа
  • Манфред В. Јиргенс (р. 1956) — фотограф
  • Ангелика Грамков (р. 1958) — политичарка и градоначалничка на Шверин
  • Астрид Кумбернус (р. 1970) — олимпиец
  • Јенс Фогт (р. 1971) — велосипедист
  • Карстен Јанкер (р. 1974) — фудбалер

Наводи

Надворешни врски