Кафеана

(Пренасочено од Гостилница)

Кафеана, гостилница[1][2], крчма[3][4] или акчилница[5][6]угостителски објект во кој се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки, ладни јадења, слатки и др. Тие можат да бидат приготвени во просториите на кафеаната или да бидат приготвени на друго место и донесени во кафеаната само за послужување. Во кафеаната може да се послужува класичен појадок. Обично во неа се собираат луѓе од уметничкиот свет и деловни партнери, а исто така кафеаната претставува место за одмор и разонода на поширок круг луѓе. Просториите и опремата во кафеаната се удобни, а гостите се задржуваат подолго време. Во кафеаната се користат различни средства за разонода и забава на гостите - музика, игри, билијард, шах, куглање и друго. Еден дел од кафеаната може да работи како ресторан, ако располага со уреди и опрема за ресторан.[7]

Кафеана

Постојат различни типови кафеани од кој најпознати се:

  • Кафеана од париски тип настаната во Франција. Разонодата е едноставна, најчесто музика во вечерните часови, а повеќе е наменета за разговори.
  • Виенска кафеана се разликува од парискиот тип кафеана по тоа што има разновидна разонода. Тоа е пораскошна, а услугите покоплетни. Во неа гостинот може да добие весници за читање. Се изведува и музичка програма.[7]

Кафеаната како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи