Горка Вердуго

друмски велосипедист

Горка Вердуго Маркотегуи (шпански: Gorka Verdugo Markotegui; р. 4 ноември 1978 во Ечари-Аранац, Навара) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Еускалтел-Еускади.[1]

Горка Вердуго
Вердуго на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело имеГорка Вердуго Маркотегуи
Роден4 ноември 1978(1978-11-04)(45 г.)
Ечари-Аранац, Навара, Шпанија
Висина1,81 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2004–2013 Еускалтел-Еускади
Последна промена
1 јануари 2015

Тој нема освоена ниедна трка, но го направил неговото деби на Џиро д’Италија во 2005 (86.) и го имал првиот настап на Тур де Франс во 2006 (75.). Негов највисок пласман на Тур де Франс бил во 2010 (36.), меѓутоа и покрај тоа што успеал 6 пати да ја заврши трката, никако не успеал да биде во првите десет на некоја етапа. Сметан како лојален член на екипата, негов најдобар личен резултат бил на етапата 16 на Тур де Франс 2007, кога со бегството успеал да добие доволно бодови во планинскиот пласман да заврши 11. на крај во Париз. Завршил 11. во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2012, забележувајќи го најдобриот пласман на Гранд Тур трка.

Достигнувања

2006
10. Краен пласман Класика а Алкобендас
2008
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсија
7. Краен пласман Париз-Ница
10. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Субида а Уркиола
2009
8. Класика Примавера
2012
3. Гран Пиемонт
11. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
7. Пруеба Вилјафранка де Ордизија

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур2005200620072008200920102011201220132014
Џиро6864
Тур744770603524СО
Вуелта83361163

СО = се откажал

Наводи

Надворешни врски