Глеисон Бремер

Глеисон Бремер Силва Насименто (роден на 18 март 1997 година, во Итапитанга) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на бразилската репрезентација.

Глеисон Бремер
Лични податоци
Роден на18 март 1997(1997-03-18)(27 г.)
Роден воИтапитанга, Бразил
ДржаваБразил Бразил
Висина&100000000000001880000001,88 м
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубЈувентус Јувентус
Број3
Младинска кариера
Деспортиво Бразил Деспортиво Бразил
Саун Пауло Саун Пауло
Атлетико Минеиро Атлетико Минеиро
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2017-2018Атлетико Минеиро Атлетико Минеиро23(1)
2018-2022Торино Торино98(11)
2022-Јувентус Јувентус48(5)
Репрезентација
2022-Бразил Бразил3(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Биографија

Името Бремер го избрал неговиот татко во чест на германскиот фудбалер Андреас Бреме.[1]

Технички карактeристики

Физички силен централен дефанзивец многу вешт во играта во воздухот, со добро чувство за позиција.[2][3] Покрај тоа го краси голема флексибилност, сигурност и брзина.

Во едно интервју самиот Бремер изјавил дека е инспириран од својот сонародник, бразилскиот дефанзивец, Лусио.[4]

Клупска кариера

Почетоци

Пораснал во младинските сектори на Деспортиво Бразил и Саун Пауло,[5] а во март 2017 година, тој бил купен од Атлетико Минеиро за R$ 380,000.[6] На 26 јуни истата година, тој го направил своето деби за првиот тим во победата со 1-0 против Шапекоенсе, заменувајќи го повредениот Родригао.[5] На 11 јули 2017, го продолжил својот договор со клубот до 2021 година.[7]

Откако првенството 2017 го завршил со 12 настапи без постигнат гол, следната сезона Бремер бил стандарден првотимец во екипата на Атлетико Минеиро играјќи во 11 од првите 12 првенствени натпревари на клубот, пред да го напушти истиот во јули 2018. Својот прв и единствен гол за Минерио го постигнал на 13 мај 2018 година, во победата со 2-1 на гостувањето против Атлетико Паранаенсе.[8]

Торино

На 10 јули 2018 година, тој бил купен за околу 5 милиони евра од Торино, со кого потпишал петгодишен договор.[9] Дебитирал за граната на 12 август, за време на натпреварот од третото коло на Купот на Италија против Козенца.[10] Своето деби во Серија А, го направил на 19 август во натпреварот од првото коло, во кој неговиот клуб бил минимално поразен од Рома (0-1).[11] На 3 мај 2019, го одиграл своето прво градско дерби против Јувентус, кое завршило со резултат 1-1.[12][13] Сезоната 2018-2019, ја завршил со само седум настапи севкупно во Серија А (5) и Купот на Италија (2), во која главно е користен како резерва за Кофи Џиџи и Емилијано Морети.[14]

Откако последниот од гореспоменатите се пензионирал, тој ја добил улогата на првотимец од тренерот Валтер Мацари на почетокот на следната сезона.[15][16] На 25 јули 2019 година, тој го направил своето деби во клупските натпреварувања на УЕФА играјќи во првото квалификациско коло од Лига Европа против Дебрецин.[17][18] Во второто прелиминарно коло од истото натпреварување, тој бил антагонист за својот тим, постигнувајќи автогол во натпреварот против Вулверхемптон, кој Торино го загубил на домашен терен со резултат 2-3.[19] По продажбата на Кевин Бонифаци, тој пронашол уште поголем континуитет во својте настапи и на 30 ноември 2019, го постигнува својот прв гол за Торино - решавачки - во победата со 1-0 на гостувањето против Џенова во Серија А.[20] На 28 јануари 2020, Бремер постигнал два гола во натпреварот од Купот на Италија против Милан во кој неговата екипа била поразена со 4-2 по продолженија.[21] Кога првенството продолжило после паузата предизвикана од Пандемијата на КОВИД-19, тој ги одиграл сите натпревари како стартер, постигнувајќи голови во соочувањата против Каљари и Џенова.[22][23] Сезоната 2019-2020 ја завршува со вкупно 35 настапи и 5 голови.

Во сезоната 2020-2021, развитокот на Бремер во се подобар играч продолжува, откако дефанзивецот одиграл 33 првенствени натпревари - сите започнувајќи ги од првата минута - и постигнал рекордни за него во едно првенство 5 гола. Посебно важен бил голот кој го постигнал во 23-тото коло од првенството, со кој му донел победа на својот тим на гостувањето кај Каљари (0-1), нивниот конкурент во борбата за опстанок. Откако му помогнал на Торино да остане во Серија А во текот на претходната сезона, Бремер еволуирал во еден од најдобрите стопери во лигата под водството на новиот тренер на граната, Иван Јуриќ. Во сезоната 2021-2022, во текот на која неретко ја носел и капитенската лента на тимот кога Андреја Белоти и Криситијан Ансалди не биле во игра, бразилецот бил апсолутен командант во одбраната на Торино играјќи 33 првенствени натпревари и постигнувајќи 3 гола. На 2 февруари 2022 година, тој го обновил договорот со клубот до 2024 година.[24] Конечно настапите понудени во текот на сезоната 2021-2022, му ја донеле наградата за Најдобар одбранбен играч за сезоната во Серија А.[25]

Јувентус

На 20 јули 2022 година, тој бил купен од Јувентус за сума од 41 милион евра.[26][27][28] Дебитирал во црно-белиот дрес на 15 август, за време на победата на домашен терен против Сасуоло (3-0) во рамките на првото коло од првенството.[29] Своето деби во Лигата на шампионите го направил на 6 септември, во поразот со 2-1 од Париз Сен Жермен;[30] на 11-ти истиот месец го постигнал својот прв гол за Јувентус, преполовувајќи ја негативата во ремито 2-2 на домашен терен против Салернитана.[31] На 2 февруари 2023 година, правејќи го своето деби во Купот Италија со бјанконерите, тој го постигнал решавачкиот гол за победата со 1-0 над Лацио и пласман во четвртфиналето.[32] На 28-ми истиот месец, тој постигнал гол во градското дерби против неговиот поранешен тим, носејќи му пресврт на Јувентус и водство од 3-2 во натпреварот кој завршил со конечен резултат 4-2 за бјанконерите.[33]

На 27 декември 2023, Бремер го продолжил својот договор со Јувентус до 2028 година.[34]

Репрезентативна кариера

На 9 септември 2022, тој го добил својот прв повик во бразилската сениорска репрезентација, од селекторот Тите, во поглед на последните подготвителни пријателски натпревари за Светското првенство 2022.[35] Тој го добил своето зелено светло да дебитира за караоките на 23-ти истиот месец, влегувајќи како замена за Тијаго Силва на полувремето во победата од 3-0 против Гана.[36]

Во ноември 2022, тој бил вклучен во финалниот список на играчи на бразилскиот тим за Светското првенство во Катар.[37] Своето мундијалско деби, тој го направил на 2 декември 2022, во поразот со 1-0 од Камерун во последниот натпревар од групната фаза, кој за бразилците немал големо значење бидејќи тие веќе претходно обезбедиле пласман во следната фаза.[38]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
23-9-2022Ле АврБразил 3 – 0  ГанаПријателска-  46'
2-12-2022ЛусаилКамерун 1 – 0  БразилСП 2022 - Прва фаза-
5-12-2022ДохаБразил 4 – 1  Јужна КорејаСП 2022 - Осминафинале-  72'
ВкупноНастапи3Голови0

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 20 јули 2022.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2017 Атлетико МинеироА120КБ10КЛ10---140
2018А+КМ11+21КБ30КС20---181
Вкупно Атлетико Минеиро23+214030--321
2018-2019 ТориноА50КИ20------70
2019-2020А273КИ22ЛЕ60---355
2020-2021А335КИ20------355
2021-2022А333КИ00------333
Вкупно Торино98116260--11013
2022-2023 ЈувентусА304КИ31ЛШ+ЛЕ3+70---435
2023-2024А353КИ30------383
Вкупно Јувентус65761100--818
Вкупно во кариерата18819163190--22322

Титули

Клупски

Атлетико Минеиро

  • Кампеонато Минеиро : 1
2017

Јувентус

2023-2024

Индивидуални

  • Серија А награди: 1
Најдобар одбранбен играч : 2021-2022[39]

Наводи

Надворешни врски