Гласилки

(Пренасочено од Гласни жици)

Гласилки или гласни жици – близначки набори од слузница (мукозна мембрана) кои се протегаат водорамно, од назад кон напред, низ гркланот (ларинксот). Тие вибрираат и на тој начин го модулираат (менуваат) протокот на воздух истеран од белите дробови за време на артикулацијата.[1][2][3]

Гласилки
Ларингоскопски поглед на гласилките.
Абдукција и адукција
Податоци
ПретходникШести фарингален лак
СистемРеспираторен систем
Назнаки
Латинскиplica vocalis
MeSHA04.329.364.737
TAA06.2.09.013
FMAFMA:55457

Гласилките ги контролира нервот vagus и тие се отворени за време на дишењето и вибрираат за време на говор или пеење.

Структура

Гласилките се сместени во гркланот (ларинксот) на врвот на трахејата. Во задниот дел се поврзани на аритеноидните `рскавици, а напред на штитната `рскавица. Тие се дел од глотисот кој ги вклучува rima gottidis. Нивните надворешни рабови се поврзани на мускул во гркланот додека внатрешните рабови, или маргини, се слободни и образуваат отвор наречен rima glottidis. Се состојат од епител, но имаат и неколку мускулни влакна во нив, конкретно гласниот мускул (musculus vocalis) кој го затега предниот дел од лигаментот близу штитната `рскавица. Тие се рамни триаголни ленти со бисерно бела боја. Од двете страни на глотисот се два вестибуларни набора или „лажни гласни жици“ кои имаат мала торбичка меѓу нив.

Сместен над гркланот, мажлецот делува како клапна која ја затвора трахејата за време на голтањето за да ја насочи храната во езофагусот. Ако храна или течност влезе во трахејата и ги допре гласилките, се предизвикува рефлекс на кашлање за да се исфрли материјата и со тоа да се спречи пулмонарно вдишување.

Разлики

Големината на гласилките се разликува кај мажите и жените. Машките возрасни гласови вообичаено се пониски заради подолгите и подебели гласилки. Машките гласни жици се долги од 1,75 до 2,5 см, додека женските се долги меѓу 1,25 и 1,75 см[2]. Детските гласилки се доста пократки од оние на мажите и жените. Различните должини и дебелини на гласилките кај мажите и жените предизвикуваат разлика во висината на гласот. Дополнително, генетските фактори предизвикуваат разлики меѓу единките од ист пол.

Лажни гласилки

Гласилките понекогаш се нарекуваат „вистински гласилки“ за да се разликуваат од „лажните гласилки“ познати како вестибуларни жици или вентрикуларни жици. Истите се пар дебели набори од слузница (мукозна мембрана) кои ги штитат поделикатните вистински гласилки и се наоѓаат малку над нив. Тие имаат минимална улога при нормалната артикулација, но често се користат за добивање длабоки сонорни тонови во тибетското пеење и туванското пеење од грло[4].

Хистологија

Зрелите човечки гласилки се составени од слоевити структури кои се доста различни на хистолошко ниво. Најгорниот слој се состои од стратификуван сквамозен епител кој се граничи со цилијарен псевдостратификуван епител. Внатрешната обвивка на овој сквамозен епител е покриен со слој мукус (делува како мукоцилијарен клиренс), кој се состои од два слоја: муцинозен и серозен слој. Двата мукозни слоја обезбедуваат вискозна и водена околина за цилијарното биење назад и горе. Мукоцилијарниот клиренс ги одржува гласилките влажни и подмачкани[5]. Епидермалниот слој се осигурува со подлабокото сврзно ткиво преку базната мембрана. Заради главно аморфните фиброзни и нефиброзни белковини во lamina propria, базната мембрана користи силни нишки како колаген IV и VI за да ја осигура хемидесмозомата на базалната ќелија на lamina propria. Овие врски се доволно силни за да го издржат биењето и растегнувањето на кои се изложени гласните жици[5].

Гласни лигаменти на гркланот

Следните три слоја ги опфаќаат lamina LP, кои се стратификувани од нивниот хистолошки состав од еластински и колагенски влакна, со фибробласт, миофибробласт и ретко прошарени со макрофази[5]. Површинскиот слој, познат и како Рајнкеов простор, е составен од аморфна супстанца и микрофибрили[6] кои овозможуваат покривниот слој лесно да се „лизга“ преку длабокиот слој[7]. Вибраторните и вискоеластичните карактеристик на човечките гласилки главно му се припишуваат на молекуларниот состав на слоевите.

Функциониарање

Осцилирање

Гласилките во движење

Гркланот е главниот (но не единствениот) извор на звук при говорот, кој генерира звук преку ритмичко отворање и затворање на гласилките. За да осцилираат, гласилките меѓусебно се доближуваат доволно блиску така што притисокот на воздухот се акумулира под гркланот. Овој зголемен субглотисен притисок ги турка наборите (жиците), со тоа што долниот дел на секој набор го води горниот дел. Ваквото налик брановидно движење предизвикува пренос на енергијата од воздушниот проток на наборните ткива[8]. Во соодветни услови, енергијата пренесена на ткивата е доволно голема за да ги надмине загубите на дисипација, па осцилацијата ќе опстане. Во суштина, звукот се генерира во гркланот со сечкање на постојаниот проток на воздух на мали пуфкања од звучни бранови[9]. (video) Архивирано на 26 октомври 2012 г.(видео)

Воспримената висина на гласот на некое лице е определена од бројни различни фактори, од кои најбитна е основната честота на генерираниот звук од гркланот. Основната честота зависи од должината, големината и притисокот на гласните жици. Просекот на оваа честота е околу 125 Hz кај мажите, 210 Hz кај жените, и 300 Hz кај децата. Длабинската кимографија[10] е метода за визуелизација на комплексните хоризонтални и вертикални движења на гласилките.

Гласилките генерираат звук богат со хармоници. Хармониците се продуцираат од меѓусебното судирање на гласилките, од рециркулација на дел од воздухот назад низ трахејата, или и двата начина[11]. Некои пејачи можат да изолираат некои од овие хармоници на таков начин што се восприема како пеење на повеќе висини во исто време – техника наречена надтонско пеење или грлено пеење како што е традицијата со туванскот грлено пеење.

Историја

Потекло на поимот

Гласилките или гласните жици се поими кои се употребуваат за да ги означат гласните набори. Поимот бил воведен од францускиот анатом Антоан Ферен во 1741 година. Во својата аналогија со виолината за човечкиот глас, тој претполага дека воздухот кој се движи делува како гудало на „гласните жици“[12].

Галерија

Наводи