Георги Ацев

Георги Гога Ацев ( 1883, Ореовец Прилепско - 25 јуни 1906, Крапа, Поречко), познат и како Срцето[1][2]македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.[3][4]

Георги Ацев
Роден1883
Ореовец, Прилепско, Отоманско Царство (денешна МакедонијаМакедонија)
Починал25 јуни 1906
Крапа, (денешна МакедонијаМакедонија)

Животопис

Георги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.[5]

Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата.[5] Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.

Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,[6], веројатно четата на Петар Сугарев.

Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.[7][8]

Галерија

Наводи