Шпанија зазима 83% од вкупната плоштина на Пиринејскиот Полуостров. Таа е трета најголема држава во Европа, по Украина и Франција. Нејзините морски граници изнесуваат 4 964 километри преку кој Шпанија ги поддржува врските со останатите држави. Таа излегува на два водни базени, јавувајќи се како средоземна и атлантска држава. Нејзината граница со Франција е долга 623 километри, а со Андора 64 километри, Португалија 1 214 километри, Мароко 15,9 километри преку градот Сеута.
Главниот град Мадрид е најголемиот во државата со околу 3 500 000 жители.
Шпанија се наоѓа во умерениот појас, чиј релјеф и клима многу се разликуваат, во зависност од местото. Често, за климата во Шпанија се вели дека е средоземна. Но, таа се јавува само на југ и исток.
Шпанија се налази у умереном појасу, њен неуједначен релјеф утиче на велику климатску разновидност. Често се за климу Шпаније каже да је средоземна (средоземна). Међутим, то је само донекле тачно јер само приобално подручје истока, југоистока и југа Шпаније има средоземну климу. Во Централна Шпанија, климата е континентална.
На исток и југ, каде преовладува средоземната клима, средните месеќни температури се движат од 13 °C до 25 °C. Летата на овие региони се топли, суви со максимални температури до 48 °C.Така, овој дел има најголем број на сончеви денови во Европа. Зимите се умерени. На северозапад, климата е постудена и температурите се движат од 8-20 °C. Во Централна Шпанија, каде климата е континентална, температурите се движат од 3-23 °C, но во зимните периоди тие можат да паднат и под О°C