Роман Велики ги обединил Галицкото и Волинското кнежевство на крајот од 13ти век. По уништувањето предизвикано од монголската инвазија на Киевска Рус (1239 до 1241), кнезот Данило и другите руски кнезови полагале верност на Бату Кан од Златната Орда во 1246. Во 1349 кралството било освоено од католичка Полска.[1] По анексијата, полскиот крал Казимир III Велики ја усвоил титулата Крал на Полска и Рус, а територијата била трансформирана во Руско војводство (латински: Palatinatus Russiae) во 1434.