Војводства во Полска

Војводството (полски: województwo) е крупна административна единица на Полска уште од XIV век, па до денес.

Карта на војводствата во Полска

Постојат 16 војдовства, воведени со реформите на локалната самоуправа (1999), заменувајќи ги дотогашните 49 војводства од 1975 г.

Денешните војводства се претежно наречени по историско-географските области, а оние до 1998 г. ги носеле имињата на нивните административни центри. По површина се движат од 10.000 км2 (Ополско Војводство) до над 35.000 км2 (Мазовско Војводство), а по население, од милион (Лубушко Војводство) до преку пет милиони (Мазовско Војводство).

Административните надлежности управник назначен од владата — војвода
(wojewoda), обласно собрание (sejmik) и извршни власти избрани во собрание. На чело на извршната власт стои маршалек marszałek. Војводствата понатаму се делат на окрузи (повјати) и општини (гмини).

Надлежности

Надлежностите на војводствата се поделени помѓу војводата, обласното собрание и извршната власт. Во сите случаи освен два, сите служби и установите се наоѓаат во административниот центар.

Војводата го назначува премиерот како обласен претставник на централната влада и началствува со државните установи во војводството (на пр. противпожарна служба, пасошки одделенија, инспекторати и сл), раководи со државната сопственост во областа и раководи со работата на локалната управа и јавната проблематика, но има и посебни овластувања во случај на вонредна состојба.

Обласното собрание се бира на секои четири години, на истите локални избори каде се бира управата во окрузите и општина|општините. Носи подзаконски акти, вклучувајќи го буџетот и стратегијата за развој на војводството. Ова тело го избира маршалекот и другите членови на извршната власт, кои пак одговараат пред него.

Извршниот огранок (zarząd) е задолжен за изготвување на буџет и развојни стратегии, спроведување на донесеното во обласното собрание, раководење со средствата на војводството и рази други аспекти од обласната политика како управувањето со средствата од ЕУ.

Список на војводства

КратенкаГрбКодРег.
таб.
ВојводствоАдмин. центарПовршина
(км2)
Население
(2003)
Население
(2004)
WM28NВарминско-мазурско
(warmińsko-mazurskie)
Олштин24 202,951 428 8851 428 385
WP30PГолемополско
(wielkopolskie)
Познањ29 825,593 359 9323 362 011
DS02DДолношлеско
(dolnośląskie)
Вроцлав19 947,762 898 3132 895 729
ZP32ZЗападнопоморско
(zachodniopomorskie)
Шчеќин22 901,481 696 0731 695 708
KP04CКујавско-поморско
(kujawsko-pomorskie)
Бидгошч¹
Торуњ²
17 969,722 068 1422 067 548
LD10EЛоѓско
(łódzkie)
Лоѓ18 219,112 597 0942 592 568
LU06LЛублинско
(lubelskie)
Лублин25 114,482 191 1722 187 918
LB08FЛубушко
(lubuskie)
Гожув Вјелкополски¹
Желона Гура²
13 984,441 008 7861 009 177
MA14WМазовско
(mazowieckie)
Варшава35 597,805 135 7325 139 545
MP12KМалополско
(małopolskie)
Краков15 144,103 252 9493 256 171
OP16OОполско
(opolskie)
Ополе9 412,471 055 6671 053 723
PD20BПодласко
(podlaskie)
Бјалисток20 179,581 205 1171 204 036
PM22GПоморско
(pomorskie)
Гдањск18 292,882 188 9182 192 404
PK18RПоткарпатско
(podkarpackie)
Жешув17 926,282 097 2482 097 325
SW26TСветокришко
(świętokrzyskie)
Келце11 672,341 291 5981 290 176
SL24SШлеско
(śląskie)
Катовице12 294,044 714 9824 707 825


(¹) седиште на војводата

(²) седиште на собранието и маршалот

Поврзано

Наводи

Надворешни врски