Волфганг Паул е роден на 10 август 1913 година во Лоренцкирх, Германија. Тој израснал во Минхен каде неговиот татко бил професор по феармаколошка хемија. По неколкуте години на Минхенски технички универзитет, тој преминал на Берлинскиот технички универзитет во 1934 година каде и дипломирал во 1937 година во групата на Ханс Гајгер. Тој го следел неговиот докторски советник Ханс Копферман на Киелскиот универзитет и отакко бил мобилизиран во военото воздухопловство го завршил својот докторат во 1940 година при Берлинскиот технички универзитет.
Неколку години тој бил приватен предавач на Гетингенскиот универзитет заедно со Ханс Копферман. Тој станал професор по експериментална физика при Бонскиот универзитет и остал таму од 1952 до 1993 година. За две години од 1965 до 1967 година тој бил директор на оддлот за јадрена физика при CERN.
Тој развил техники за заробување на наелектризираните честички преку масена спекторскопија со електрични квадриполни полиња во 1950-ите. Пауловите замки се во широка упореба за да ги заробат јоните кои на тој начин се полесни за истражување. Тој развил молекуларни зрачни леќи и работел на 500 MeV електронски синхотрон, па на оној од 2500 MeV во 1965 година. Подоцна работел на заробувањето на сприте неутрони во магнетните складишни прстени, мерејќи го на тој нажин животниот век на слободните неутрони.
Во 1957 година, Паул бил потписник на Гетингенскиот манифест, декларација од 18 водечки јадрени физичари од Западна Германија против вооружувањетона на западно германската армија со тактички јадрени оружја.
Неговиот син Штефан Паул е професор по експериментална физика при Минхенскиот технички универзитет. Другиот негов син Лоренц Паул е професор по физика на Вуперталкскиот универзитет.
Paul, Wolfgang; Steinwedel, H. (1953). „Новата масена спектроскопија во отсуство на магнетно поле“. Zeitschrift für Naturforschung A. 8 (7): 448–450. Bibcode:1953ZNatA...8..448P.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)