Возејќи ја г-ца Дејзи е американска комедија/драмафилм од 1989, адаптирана од истоимената претстава на Алфред Јухрај. Филмот е режиран од Брус Бирсфорд, Морган Фримен ја игра улогата на Хок Колбурн и Џесика Тенди ја игра улогата на г-ца Дејзи. Во филмот се обработува приказната за животот на г-ца Дејзи, односно нејзината гледна точка кон односите и емоциите со останатите луѓе, како и посетувањето на пријателите, синагога, фамилија, нејзините стравови и грижи во период од 25 години. „Возејќи ја г-ца Дејзи“ освоил пет оскари, меѓу кои и оскар за најдобар филм и оскар за најдобро адаптирано сценарио.[4]