Влада на Љубчо Георгиевски

21. влада на Македонија е избрана по парламентарните избори во 1998 година и доаѓањето на власт на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Љубчо Георгиевски ја врши функцијата премиер во периодот од 30 ноември 1998 до 1 ноември 2002. Во склопот на неговата влада неколкупати се вршеше реконструкција: на 19 мај 1999, 27 декември 1999, 27 јули 2000, 30 ноември 2000 и мај 2001 година, кога, за време на вооружениот конфликт во Македонија е формирана широка коалиција во чиј состав влегува и СДСМ. Министрите од СДСМ поднесуваат оставки на 22 ноември 2001 година, по што беа избрани нови министри во владата на премиерот Георгиевски.

Влада на Љубчо Георгиевски
Георгиевски

21. влада на Македонија
1998-2002
Георгиевски
Конституирана30 ноември 1998
Распуштена1 ноември 2004
Организација
ПретседателКиро Глигоров (до ноември 1999)
Борис Трајковски (по ноември 1999)
ПремиерЉубчо Георгиевски
Статус во собраниеКоалициска влада
Историја
Избори1998
Претходен кабинетЦрвенковски II
Следен кабинетЦрвенковски III

Состав на владата во 1998

Во составот на владата при нејзиниот избор по изборите влегуваат следните лица:[1][2]

Реконструкција на владата од мај 1999

Во текот на Косовската војна, на 19 мај 1999 година е извршена промена на четири министри во владата:[3]

  • За министер за економија е избран Михајло Толевски на местото на Жанко Чадо
  • За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Марјан Ѓорчев на местото на Владимир Џабирски
  • За министер за здравство е избран Драган Данаиловски на местото на Стојан Богданов
  • За министер без ресор е избран Радован Стојкоски (ЛДП) на местото на Ѓорѓи Наумов

Состав на владата од декември 1999

Составот на владата од декември 1999 година е следниот:[4]

Состав на владата од јули 2000

Составот на владата од јули 2000 година е следниот:[5]

Реконструкција на владата од ноември 2000

На 30 ноември 2000 година е извршена промена на пет членови во владата:[6]

  • За вицепремиер е избран Зоран Крстевски (ЛПМ)
  • За министер за надворешни работи е избран Срѓан Керим (ЛПМ)
  • За министер за економија е избран Бесник Фетаи
  • За министер за образование и наука е избран Ненад Новковски
  • За министер за животна средина и просторно планирање е избран Марјан Додовски.

Состав на владата од мај 2001

Составот на владата од 13 мај 2001 година е следниот:[7]

Реконструкција на владата од ноември 2001

На 23 ноември 2001 година се разрешени четирите министри од редовите на СДСМ[8] и на нивно место на 30 ноември 2001 година се избрани нови членови во владата:[9]

Наводи