Витдин

Витдин (германски: Wittdün; емраншки: Witjdün, дански: Vitdyn) — општина на островот Амрум во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Витдин
Главната улица во Витдин
Главната улица во Витдин
Главната улица во Витдин
Витдин во рамките на Германија
Витдин
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругСеверна Фризија
Месна заед.Фер-Амрум
ГрадоначалникЈирген Јунгклаус
Основни податоци
Површина2,6 км2
Надм. височина0 м
Население806 (31 декември 2020)[1]
 - Густина310 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.NF
Пошт. бр.25946
Повик. бр.04682
Порталwww.amt-foehr-amrum.de
Местоположба на Витдин во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати54°38′N 8°24′E / 54.633° СГШ; 8.400° ИГД / 54.633; 8.400

Историја

Поглед на Витдин во 1895 година.

За разлика од другите села на Амрум, Витдин е релативно нова населба. Бил основан во 1890 година како приморско одморалиште веднаш до новото фериботско пристаниште, кое го поврзува островот со копното. Причината за основање на ова ново село бил стравот на многу островјани од опаѓање на нивната фризиска култура поради напливот на туристи од југ. Така, многу Амрумци мислеле дека насочувајќи го туризмот во едно село ќе ја заштити нивната локална заедница од влијанија.

До 31 декември 2006 година, општината Витдин, заедсно со Небел и Нордорф функционирале во рамките на општинската заедница Амрум.

Економија

Фериботскиот терминал.

Витдин е приморско одморалиште, а туризмот е главен извор на приход. Во 2005 година биле забележани 374.000 ноќевања. Постои отворена плажа, базени, како и центар за таласотерапија. Исто така, младинскиот хостел на островот Амрум се наоѓа во Витдин. Во селото се наоѓа единствениот фериботски терминал за островот.

Наводи

Надворешни врски