Виктор Класон

Виктор Јохан Антон Класон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Краснодар и на шведската репрезентација.

Виктор Класон
Лични податоци
Полно имеВиктор Јохан Антон Класон[1]
Роден на2 јануари 1992(1992-01-02)(32 г.)
Роден воВернамо, Шведска
ДржаваШведска Шведска
Висина&100000000000001830000001,83 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубКопенхаген Копенхаген
Број7
Младинска кариера
ИФК Вернамо ИФК Вернамо
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008–2011ИФК Вернамо ИФК Вернамо70(29)
2012–2017Елфсборг Елфсборг134(32)
2017–2022Краснодар Краснодар114(32)
2022–Копенхаген Копенхаген20(7)
Репрезентација
2008Шведска Шведска 172(0)
2009-2010Шведска Шведска 199(3)
2011-2015Шведска Шведска 2120(1)
2012-Шведска Шведска69(13)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Клупска кариера

Роден и израснат во Вернамо, својата кариера ја започнал во екипата на ИФК Вернамо, за која дебитирал како професионалец во третата шведска лига во 2009 година. Под водството на тренерот Јонас Терн, клубот изборил промоција во Суперетан - втората лига на земјата - благодарение на својте млади и талентирани играчи како Симон Терн, Лалавеле Атакора и Класон. Следната година Класон постигнал 13 гола на 29 натпревари во втората лига, и покрај тоа, што тимот бил принуден да победува во баражот за да остане во лигата.

Класон во дресот на Елфсборг.

По одличната сезона во Суперетан со ИФК Вернамо, Класон потпишал четиригодишен договор со многу попознатиот шведски прволигашки клуб Елфсборг.[2] Дебитирал во Алсвенскан на 31 март 2012, во победата на домашен терен со 2-1 над Јургорден, а својот прв погодок во дресот на Елфсборг го забележал на 12 април 2012 во победата со 2-0 над Норчепинг. Веќе во првата сезона со клубот, тој го освоил шведското првенство придонесувајќи за титулата со 27 настапи и 5 голови. Во мај 2014, тој играл од почетокот на натпреварот во победата со 1-0 над Хелсингборг во финалето на Купот на Шведска, освојувајќи ја својата втора титула со Елфсборг.

На 25 јануари 2017 година, Класон потпишал три ипол годишен договор со руската екипа Краснодар.[3] Дебитирал на 16 февруара 2017 година против турскиот Фенербахче во Лига Европа; во четвртата минута од истиот натпревар го постигнал првиот гол за новиот клуб уште при првиот допир со топката, а УЕФА потоа го избрала за најдобар играч на натпреварот.[4]

На 5 март 2022 година, тој го раскинал договорот со Краснодар по конфликтот меѓу Русија и Украина.[5] На 31 март, тој потпишал за данскиот ФК Копенхаген.[6]

Репрезентативна кариера

Класон ја претставувал Шведска во неколку младински репрезентации: под 17 години, под 19 години и под 21 година.

Дебитирал за сениорската репрезентација на Шведска на 18 јануари 2012, во пријателски натпревар против Бахреин,[7] а својот прв гол го постигнал само пет дена подоцна во победата со 5-0 против Катар во својот втор натпревар за шведската репрезентација.

Во мај 2018 годинa, бил избран во составот на Шведска за Светското првенство 2018 во Русија,[8] каде ги одиграл сите натпревари за својата земја, а Шведска дошла до четвртфиналето каде била елиминирана од Англија. Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде исто така ги одиграл сите натпревари, заклучно со поразот од Украина во осминафиналето по продолженија со кои швеѓаните биле елиминирани. Класон постигнал еден гол на турнирот, во последниот натпревар од групната фаза против Полска погодувајќи ја мрежата на полјаците во четвртата минута од судиското продолжение со што и донел победа на својата репрезентација и воедно прво место во групата Е.

Хронологија на репрезентативни настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
18-1-2012ДохаБахреин 0 – 2  ШведскаПријателска-  73'
23-1-2012ДохаКатар 0 – 5  ШведскаПријателска1  63'
23-1-2013Чијанг МајШведска 1 – 1
(4 – 1 пен.)
 Северна КорејаПријателска-
26-1-2013Чијанг МајШведска 3 – 0  ФинскаПријателска-
6-1-2016Абу ДабиШведска 1 – 1  ЕстонијаПријателска-  46'
10-1-2016Абу ДабиШведска 3 – 0  ФинскаПријателска-
15-11-2016БудимпештаУнгарија 0 – 2  ШведскаПријателска-  65'
8-1-2017Абу ДабиШведска 1 – 2  Брег на Слоновата КоскаПријателска-
12-1-2017Абу ДабиШведска 6 – 0  СловачкаПријателска-
25-3-2017СолнаШведска 4 – 0  БелорусијаКвал. за СП 2018-  85'
28-3-2017ФуншалПортугалија 2 – 3  ШведскаПријателска2
9-6-2017СолнаШведска 2 – 1  ФранцијаКвал. за СП 2018-  77'
13-6-2017ОслоНорвешка 1 – 1  ШведскаПријателска-
31-8-2017СофијаБугарија 3 – 2  ШведскаКвал. за СП 2018-  82'
3-9-2017БорисовБелорусија 0 – 4  ШведскаКвал. за СП 2018-  67'
7-10-2017СолнаШведска 8 – 0  ЛуксембургКвал. за СП 2018-
10-10-2017АмстердамХоландија 2 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  68'
10-11-2017СолнаШведска 1 – 0  ИталијаКвал. за СП 2018-
13-11-2017МиланоИталија 0 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  71'
24-3-2018СолнаШведска 1 – 2  ЧилеПријателска-
27-3-2018КрајоваРоманија 1 – 0  ШведскаПријателска-  83'
9-6-2018ГетеборгШведска 0 – 0  ПеруПријателска-
18-6-2018Нижни НовгородШведска 1 – 0  Јужна КорејаСП 2018 - Прва фаза- 61'
23-6-2018СочиГерманија 2 – 1  ШведскаСП 2018 - Прва фаза-  74'
27-6-2018ЕкатеринбургМексико 0 – 3  ШведскаСП 2018 - Прва фаза-
3-7-2018Санкт ПетербургШведска 1 – 0  ШвајцаријаСП 2018 - Осминафинале-
7-7-2018СамараШведска 0 – 2  АнглијаСП 2018 - Четвртфинале-
6-9-2018ПрагаАвстрија 2 – 0  ШведскаПријателска-  67'
10-9-2018СолнаШведска 2 – 3  ТурцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза1
11-10-2018КалининградРусија 0 – 0  ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
16-10-2018СолнаШведска 1 – 1  СловачкаПријателска-  66'
17-11-2018ЕскишехирТурција 0 – 1  ШведскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-  90'
20-11-2018СолнаШведска 2 – 0  РусијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-  80'
23-3-2019СолнаШведска 2 – 1  РоманијаКвал. за Евро 20201
26-3-2019ОслоНорвешка 3 – 3  ШведскаКвал. за Евро 20201
7-6-2019СолнаШведска 3 – 0  МалтаКвал. за Евро 20201
10-6-2019МадридШпанија 3 – 0  ШведскаКвал. за Евро 2020-  27'
8-10-2020МоскваРусија 1 – 2  ШведскаПријателска-  77'
11-10-2020ЗагребХрватска 2 – 1  ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  65'
14-10-2020ЛисабонПортугалија 3 – 0  ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
14-11-2020СолнаШведска 2 – 1  ХрватскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  74'
17-11-2020Сен ДениФранција 4 – 2  ШведскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1  66'
25-3-2021СолнаШведска 1 – 0  ГрузијаКвал. за СП 20221  74'
28-3-2021ПриштинаКосово 0 – 3  ШведскаКвал. за СП 2022-  83'
29-5-2021СолнаШведска 2 – 0  ФинскаПријателска-  77'
5-6-2021СолнаШведска 3 – 1  ЕрменијаПријателска-  46' 79'
14-6-2021СевиљаШпанија 0 – 0  ШведскаЕвро 2020 - Прва фаза-  69'
18-6-2021Санкт ПетербургШведска 1 – 0  СловачкаЕвро 2020 - Прва фаза-  64'
23-6-2021Санкт ПетербургШведска 3 – 2  ПолскаЕвро 2020 - Прва фаза1  78'
29-6-2021ГлазговШведска 1 – 2 прод.  УкраинаЕвро 2020 - Осминафинале-  97'
ВкупноНастапи50Голови10

Статистика

Клупска статистика

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГод.НастапиГолови
Шведска
201221
201320
201630
2017122
2018141
201943
202051
202182
Вкупно5010

Титули

Клупски

Елфсборг

  • Шведско првенство : 1
2012
  • Куп на Шведска : 1
2013-2014

Наводи

Надворешни врски