Вибрафон

Вибрафон е најмлад инструмент од групата на ударни инструменти, а настанал 1921 година во САД.[1] Кај вибрафонот под секоја плочка се наоѓаат метални цевки во различни должини обесени право на кои долниот крај на цевките е затворен, а на горниот отвор се наоѓа подвижен капак - „пеперутка“. Тој под дејство на електрична струја се врти околу своите осовини и така наизменично го отвора и затвора резонаторот, предизвикувајќи вибрирање на јачината на звукот. Овој инструмент содржи и педала за регулирање на траењето на ехото. Опсег на вибрафонот е од f do f³.

Типичен вибрафон од компанијата Лудвиг-Масер

Името го добил според зборот „вибра“ — вибрирање и „фоне“ — звук. Се користи за музички ефекти во симфониски оркестар, како и во џез и забавни оркестри.[2]

Наводи

Надворешни врски