Вестерн унион

Вестерн унион (англиски: Western Union) — американска компанија која обезбедува финансиски и комуникациски услуги. Компанијата има повеќе од 160-годишна историја, повеќе од 500.000 агенти, со локации во повеќе од 200 земји и територии. Основана е во 1851 година во Њујорк и Мисисипи како компанија за печатење телеграфи, додека денес таа е развиена со многу иновативни услуги, како премостување на празнини во секторот на финансиските услуги.Вестерн унион ги врши следниве услуги:

Лого на Вестерн унион 2019
  • испраќање и примање на пари;
  • при-пејд услуги и парични налози (money orders);
  • плаќање на сметки; и други
  • бизнис решенија;

Испраќање и примање на пари

Без разлика дали клиентите се во САД, Африка или во некој друг дел од светот, тие можат да испраќат и примаат пари преку Вестерн унион, и тоа се прави многу лесно, се разбира поради големата мрежа на агенти на Вестерн унион.Во многу земји се обезбедени и други опци за испраќање на пари, како што се он-лајн или по телефон, со помош на кредитна или дебитна картичка. Исто така, кога станува збор за добивање на парите, постојат неколку опции во зависност од локацијата, а тоа се:[1]

  • прeстојувалиште на клиентот;
  • жиро-сметка;
  • при-пејд картички;
  • т.н. wallet account - паричник-сметка, порзана со мобилен телефон

При-пејд услуги и парични налози

Услугите трансфер на пари и плаќање на сметките се надополнети со разновидни припејд услуги, вклучувајќи надополнувачки при-пејд картички, телефонски картички и парични налози.При-пејд картичките на клиентите им овозможуваат:

Плаќање на сметките

Платежната функција на Вестерн унион е многу сигурен начин за клиентите да направат исплати на илјадници приматели, вклучувајќи ги и комуналните услуги, финансии, осигурителни компании и владини тела. Плаќањето може да се изврши со готовина или по електронски пат, било еднократно или периодично. Уплатите може да се извршат во секоја локација на агентите, онлајн или по телефон.

Бизнис решенија

Вестерн унион им помага на компаниите да се натпреваруваат на глобално ниво. Со многу меѓународни банкарски односи, со многу збогатено знаење во индустријата и многу прилагодени решенија го прават Вестерн унион да им обезбеди на компаниите многу можности.Како најприлагодени решенија се:[2]

  • меѓународни платежни услуги;
  • девизни решенија;
  • консултации за управување со ризикот;
  • платформа за онлајн исплата.

Агенти

Секој ден, компанијата Вестерн унион соработува со повеќе од 500.000 агенти, во повеќе од 200 земји. За да се стане агент на Вестерн унион, треба да се исполнат барањата на компанијата, да се има одобрение од компанијата и да се работи според правилата и законите пропишани во склучениот договор.

Вестерн унион во Македонија

Историја на Вестерн унион

Услугата на Вестерн унион се нуди во Македонија од септември 1999 година, од страна на „Интернационална финансиска унија“ (ИФУ) како подружница на „Финансиска унија“ од Тирана. Со текот на годините, ИФУ ја проширила мрежата низ целата територија на Македонија. На крајот на 2003 година, ИФУ имала 28 агенции во својата мрежа.

Во август 2004 година, „Унија финансиска Скопје“ (УФС), (формирана во јануари 2004, како наследник на „Интернационална финансиска унија“), се стекнала со лиценца од страна на Народна банка на Република Македонија, како небанкарска финансиска институција која ги нуди услугите на брз трансфер на пари. УФС има договор на застапување на Вестерн унион. Локациите на УФС јасно се обележени со детелинка со пет листови со различна боја.

УФС има воспоставено мрежа во Македонија со повеќе од 200 агенции, во повеќе од 29 градови. Во Македонија постојат неколку типови на агенти на Вестерн унион:

Најголемиот дел од агенциите на Вестерн унион се комбинација од горенаведените услуги. Сите агенции се позиционирани на многу видливи и соодветни места како на пример: во центар на град, на главна улици и во трговски центри. За да се постигне највисок степен на квалитет и брза услуга, сите агенции на Вестерн унион располагаат со компјутер, факс, фотокопир и друга потребна опрема за вршење на дневни активности. УФС редовно организира обуки за сите оператори во мрежата на Вестерн унион во Македонија.

Провизии кои се наплатуваат при испраќање пари

Табела 1: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион[3]

Износ во долариПровизија во долариИзнос во евраПровизија во евра
до 10015до 9013,5
од 101 до 20022од 90,01 до 18020
од 201 до 30029од 180,01 до 27026,5
--од 270,01 до 36032
од 301 до 40035од 360,01 до 46538
од 401 до 50042од 465,01 до 66549,5
од 501 до 75054од 665,01 до 87059,5
од 751 до 100065од 870,01 до 107569
од 1001 до 125076од 1075,01 до 128078
од 1251 до 150085од 1280,01 до 153589
од 1501 до 175098од 1535,01 до 179099,5
од 1751 до 2000110од 1790,01 до 2050109,5
од 2001 до 2250120од 2050,01 до 2310119,5
од 2251 до 2500130од 2310,50 до 2500129,5

За секои дополнителни 250 долари, се наплаќа провизија од 10 долари. Исто така, за секои дополнителни 260 евра се плаќа провизија од 10 евра.

Табела 2: Дополнителни провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион

УслугаПровизија во долариУслугаПровизија во евра
Телефонско јавување3 УСДТелефонско јавување2,5 ЕУР
Порака до 10 збора2 УСДПорака до 10 збора1,5 ЕУР
Секој нареден збор0,2 УСДСекој нареден збор0,2 ЕУР

Табела 3: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион во: Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово и Албанија.

Износ во долариПровизија во долариИзнос во евраПровизија во евра
до 1309до 1007
од 130,01 до 26013од 100,01 до 20010
од 260,01 до 39016од 200,01 до 30012
од 390,01 до 65018од 300,01 до 50013,50
од 650,01 до 100026од 500,01 до 75020
од 1000,01 до 130033од 750,01 до 100025
од 1300,01 до 200039од 1000,01 до 150030
од 2000,01 до 260045од 1500,01 до 200035
од 2600,01 до 320055од 2000,01 до 250042

Наводи

Надворешни врски