Ведран Ќорлука

хрватски фудбалер

Ведран Ќорлука ((хрватски: Vedran Ćorluka); р. 5 февруари 1986, во Дервента) — хрватски поранешен фудбалер, играч од одбраната.[1] Најчесто настапувал како централен-дефанзивец, иако тој има играно и на други места низ дефанзивна линија, особено како денес бек. Моментално е асистент на селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ.

Ведран Ќорлука
Лични податоци
Полно имеВедран Ќорлука
Роден на5 февруари 1986(1986-02-05)(38 г.)
Роден воДервента, СФР Југославија
ДржаваХрватска Хрватска
Висина&100000000000001920000001,92 м
Играчки податоци
ПозицијаОдбрана
Сегашен клубХрватска Хрватска (асистент)
Повлекување1 јули 2021 (35 г.)
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2003–2007Динамо Загреб Динамо Загреб61(7)
2004–2005Интер Запрешич Интер Запрешич27(4)
2007–2008Манчестер Сити Манчестер Сити38(1)
2008–2012Тотенхем Тотенхем81(1)
2012Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен7(0)
2012–2021Локомотив Москва Локомотив Москва200(7)
Репрезентација
2002Хрватска Хрватска 167(2)
2002–2003Хрватска Хрватска 1711(2)
2003Хрватска Хрватска 183(0)
2004–2005Хрватска Хрватска 1912(4)
2005–2006Хрватска Хрватска 219(0)
2006–2018Хрватска Хрватска103(4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 април 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 12 ноември 2016

Ќорлука ја поминал младинската академија на Динамо Загреб, пред да го направи своето професионално деби за сениорскиот тим во 2003 година. Во 2007 година, за 8 милиони фунти се преселил во Манчестер Сити со кој настапувал во Премиер лигата, а една сезона подоцна направил трансфер во екипата на Тотенхем Хотспар, каде веќе настапувал неговиот сонародник Лука Модриќ. Тој поминал четири сезони на Вајт Харт Лејн, пред да се приклучи на Локомотив од Москва. Во овој клуб останал до 2021 година, кога ја завршил својата кариера.

На репрезентативно ниво, Ќорлука ја претставувал Хрватска во разни младински нивоа, пред да го направи своето сениорско деби во август 2006 година, во пријателски натпревар против тогашниот Светски првак, Италија. Од тогаш, тој ја претставувал Хрватска на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на Светските првенства во 2014 и 2018 година, освојувајќи сребрен медал на последното, а по него и ја завршил репрезентативната кариера со 103 настапи и 4 гола.

Титули

Клупски

Динамо Загреб

2005–2006, 2006–2007
2006–2007
  • Суперкуп на Хрватска : 1
2006

Локомотив Москва

  • Премиер лига на Русија : 1
2017–2018
  • Куп на Русија : 4
2014–2015, 2016–2017, 2018–2019, 2020–2021
  • Суперкуп на Русија : 1
2019

Репрезенација

Вицешампион: Русија 2018

Наводи

Надворешни врски