Варнов

Варнов (германски: Warnow) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во Германија. Се влева во Балтичкото Море близу градот Росток, во неговиот округ Варнеминде. Сливот на Варнов покрива 3.324 км2.

Варнов
Варнов
МестоМекленбург-Западна Померанија, Германија
Должина155,4 км
ИзворГребин
53°30′59″N 11°51′45″E / 53.51631° СГШ; 11.86257° ИГД / 53.51631; 11.86257
Висина на изворот65 м
Утокаво Варнеминде во Балтичкото Море
54°10′49″N 12°05′35″E / 54.180166° СГШ; 12.092997° ИГД / 54.180166; 12.092997
Висина на утокатаНеисправен внос за Maß
Спуст65 м
СливВарнов
ОдливБалтичко Море
Слив3.324 км²
Истек
со Росток мерило[1]
Рекордно низок:     0 л/с (во обично)
Просечен низок:    72 л/с
Просечен среден:   12,7 м³/с
Просечен висок: 69,6 м³/с
Рекордно висок:   104 м³/с (во 1995)
Десни притокиМилдениц, Небел, Кестербек, Карбек
Леви притокиГеве, Брилер Бах, Беке
ЕзераБарнинско Езеро, Миковско Езеро
ГрадовиРосток
ПаланкиБицов, Шван

Изворот на Варнов е во Гребин, мало село на 10 километри северно од Пархим, на западниот крај од Мекленбуршката Езерска Област. Тече северно низ Штернберг, Бицов и Шван пред да стигне во Росток.

Во 2003 бил отворен првиот современ тунел со патарина, Варновскиот тунел, кој го поврзува пристаништето во Росток на источниот брег со западниот брег на реката.

Името на реката веројатно потекнува од средновековното словенско племе Варнаби, кои живееле во околината.

Наводи

Надворешни врски