Ваља Балканска

(Пренасочено од Валја Балканска)

Валја Младенова Балканска (бугарски: Валя Младенова Балканска) (родена на 8 јануари 1942 во селото Арда, Смољанска област) е бугарска народна пејачка од родопската фолклорна област.

Валја Балканска
Животописни податоци
Роден(а)8 јануари 1942
Бугарија село Арда, Бугарија
ЖанровиНародна
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1960 - сѐ уште

Животопис

Во нејзиниот репертоар, претставуван во целиот свет, влегуваат песни како "Шар Планина", "Девојко, бално ли ти е", "Триста са пушки пукнали", "Хајдутине се молеха", "А бре, јуначе лудо и младо", "Горо ле, горо зелена", "Мајчинко, стара мајчинко", но најпознатата и изведба е на песната "Излел е Делјо хајдутин". Оваа песна во нејзина изведба е повод за национална радост во Бугарија, откако во 1977 година нејзин запис е вклучен во Златната плоча, испратена во вселената со двата американски вселенски бродови Војаџер, кои во 2004 година ги напуштиле пределите на Сончевиот Систем. Вселенското летало Војаџер 1, било лансирано на 5 септември 1977 година, ја носи плочата со записот на песната "Излел е Делјо хајдутин", испеана од пејачката Валја Балканска.[1]

По повод 60-тата годишнина ѝ за исклучителни достигнувања во областа на певческата уметност, во 2002 година Валја Балканска била наградена со најголемото одликување на Бугарија - орден "Стара планина"[2]. Во 2005 година била номинирана за државната награда "Св. Паисиј Хилендарски". Во декември 2005 година народната пејачка ја добила својата ѕвездена плоча во Бугарското шеталиште на славните[3][4]. За неа ќерката на писателот Николај Хајтов, Елена Хајтова, пишува книгата "Сама меѓу ѕвездите"[5].

Дискографија

  • Глас од вечноста (2004)

Наводи

Надрорешни врски